Таратор

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Таратур)
Прејди на: содржини, барај
Таратор
Македонска таратур салата.jpg
Тулумба
Дел од оброкот супа
Главни состојки кисело млеко, или јогурт, краставица, лук, орев, мирудија зеленчук
Варијанти повеќе
Таратор

Таратор или таратур — освежителна салата или ладна супа, особено популарна во топлата пролет и жешкото лето.

Како се прави (рецепт)[уреди | уреди извор]

Состојки (за четворица)[уреди | уреди извор]

Потребен специјален прибор[уреди | уреди извор]

  • дрвен сад за толчење
  • дрвен толчник

Подготвување[уреди | уреди извор]

Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот со сѐ солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична маса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.

Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сецкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар (Anethum graveolens).

Сервирање[уреди | уреди извор]

Готовиот таратур пред сервирањето се лади во фрижидер. Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки мраз.