Прејди на содржината

Сферометар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вообичаен изглед на сферометар

Сферометармерен инструмент за мерење на закривеноста на леќи.[1] Со сферометар може да се мерат и дебелини на тенки плочки. Се состои од триножник чии ногарки се поставуваат на рамна стаклена плоча, кога се мери дебелина на плочки, или на закривена површина чиј полупречник треба да се одреди. Врвовите на ногарките се наоѓаат на еднакви растојанија меѓу себе. Низ средината на триножникот поминува шраф кој на долниот дел има зашилен врв, додека на горниот дел е прицврстена кружна плоча која е поделена на еднакви делови, обично има 100 или 500 поделки. На едната ногарка од триножникот се наоѓа линијар со милиметарска поделба чие најмало растојание изнесува 0,5 мм. Ако кружната плоча се заврти за 360°, а нејзината поделба е на 100 дела, тогаш врвот на шрафот се поместува за една поделка на линијарот, т.е. за 0,5 мм. Ако плочата се заврти само за една поделка на неа, тогаш врвот на шрафот се поместува за 0,5 : 100 = 0,005 mm или 5 μm.[2]

Ако треба да се одреди закривеноста на некоја топка, тогаш сферометарот се поставува на неа така што сите негови три ногарки и врвот на шрафот ја допираат. Разликата меѓу отчитаните поделки на мерилото и нултата точка ја дава висината h на калотата на топката (дел од површината на топката или сферата). Ако a е познатото растојание меѓу кои било два врва на ногарки од сферометарот, а h се одреди со мерење со помош на сферометарот, тогаш полупречникот R на закривеноста на топката (или која било закривена површина) изнесува:

Оваа еднаквост може да се напише и како:

  1. sferometar, [1] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2015.
  2. "Tehnička enciklopedija", glavni urednik Hrvoje Požar, Grafički zavod Hrvatske, 1987.