Стојанче Генадијоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стојанче Генадијоски
Роден 1920 година
Лавчани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал октомври, 1944 година
Карбуница, Кичевско, Македонија
Националност Македонец

Стојанче Совков Генадијоски ( 1920 во Лавчани, Кичевско1944 во Карбуница, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Како симпатизер на ослободителното движење, во летото 1944 година се вклучил во редовите на Првата македонска ударна бригада. Со Бригадата учествувал во повеќе борби. Во октомври 1944 година, при еден судир со балистите кај селото Карбуница, бил убиен.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 50.