Стевија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стевија
Stevia rebaudiana flowers.jpg
Цветови на слатката стевија
Научна класификација
Домен: Еукариоти
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Ѕвездовидни
Семејство: Главоцветни
Потсемејство: Главоцветни
Племе: Ресници
Род: Стевија
Cav.
Видови

околу 240 видови, вкл.:

Синоними[1]
  • Nothites Cass.
  • Mustelia Spreng.

Стевија (науч. Stevia) — род кој опфаќа околу 240 видови билки и грмушки од семејството на главоцветните (Asteraceae), со потекло од суптроските и тропските подрачја од западна Северна Америка до Јужна Америка.

Видот слатка стевија (Stevia rebaudiana) е од големо стопанско значење бидејќи содржи соединенија (стевиолни гкликозиди) кои даваат сладок вкус и се преработува во засладувач под општиот назив „стевија“ и неколку трговски називи.[2] Растението се користело од мештаните долго пред неговото воведување на светските пазари.

Таксономија[уреди | уреди извор]

Родот има 240[3] видови растенија, домородни во Јужна Америка, Средна Америка и Мексико, а неколку видови виреат на север до Аризона, Ново Мексико и Тексас.[4] Наречен е по шпанскиот ботаничар и лекар Педро Хаиме Естеве (1500–1556), професор на универзитетот во Валенсија.[5]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Flann, C (ed) 2009+ Global Compositae Checklist
  2. Raji Akintunde Abdullateef, Mohamad Osman (2012-01-01). „Studies on effects of pruning on vegetative traits in Stevia rebaudiana Bertoni (Compositae)“. International Journal of Biology. 4 (1). doi:10.5539/ijb.v4n1p146.
  3. „Stevia“. Flora of North America.
  4. „Stevia Cav“. USDA Plants.
  5. Parsons, WT; Cuthbertson, EG (2001). Noxious Weeds of Australia, 2nd ed. Collingswood, Australia: CSIRO Publishing. ISBN 978-0-643-06514-7., стр. 309.