Стар амам во Новопазарска Бања

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стариот амам во Новопазарска Бања е изграден во 16 век и е заштитен како споменик на културата од 1970 година.[1]

Амамот е изграден во 16 век, за што сведочи камената спомен плоча над главниот влез со отомански натпис. Натписот на османлиски јазик датира од 1593/94 година. Термалната бања е окарактеризирана на натписот како подобра од сите останати на земјата и како рај за вљубените. Хазиф Ахмед-паша се споменува како дарител во повеќе дела, меѓу кои и делата на патописецот Евлија Челебија . Архитектите пронашле врска помеѓу оваа зграда и цариградскиот амам, кој бил изграден по наредба на ќерката на Сулејман Величествениот.[2]

Изглед[уреди | уреди извор]

Амамот има едноставна основа со две нееднакви куполи сместени на октагонални тамбури . Поделен е на два дела, еден кој е простор за чување облека и главниот дел кој има длабок октагонален базен со длабочина од околу 1,5. И мажите и жените можат истовремено да пливаат во базен.

Зградата е изградена од тули и големи камени блокови кои се комбинираат, а е опкружена со фино профилиран покрив корниз. Покривот е четирикорен и покриен со ќерамиди.[2]

Обнова и реставрација[уреди | уреди извор]

Влезот во старата бања бил оневозможен и блокиран поради изградбата на двокатна зграда меѓу двете светски војни . Овој објект е отстранет на почетокот на втората деценија на 21 век, со што се овозможило почеток на работите на амамот според условите на Заводот за заштита на спомениците на културата во Краљево, со помош на Исламската верска заедница.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Терме во Новопазарска Бања
  • Амамот на Исабег (Нови Пазар)
  • Град Нови Пазар
  • Список на споменици на културата во Рашката област

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Завод за заштиту споменика културе Краљево » 14. НОВИ ПАЗАР“ (српски). Посетено на 2018-12-26.
  2. 2,0 2,1 2,2 Грујовић Брковић, Катарина; Алексић Чеврљаковић, Марија (2016). Поглед кроз наслеђе 1965-2015. Краљево: Завод за заштиту споменика културе у Краљеву. стр. 66. ISBN 9788684867058.

Литература[уреди | уреди извор]

  • А. Andrejević, Spomenici islamske arhitektureː u Novi Pazar i okolina, Beograd 1969, ул 229-231
  • Документација на Заводот за заштита на спомениците на културата во Краљево

Надворешни врски[уреди | уреди извор]