Ставре Здравески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ставре Здравески
Роден 1920 година
Јудово, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал септември, 1944 година
Охридско, Македонија
Националност Македонец

Ставре Грујов Здравески ( 1920 во Јудово, Кичевско1944 во Охридско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен-чешма за борците од НОБ на Македонија од селото Јудово

Животопис[уреди | уреди извор]

Поради сиромаштијата во семејството бил принуден да оди на печалба во Бугарија, но со почетокот на Втората светска војна се вратил во своето родно село, каде бил мобилизиран од бугарските окупаторски власти. По отслужување на дел од воениот рок, користејќи отсуство, дошол во своето село ѝ повеќе не се вратил во бугарската војска, туку во 1944 година се приклучил во ослободителната војска на Македонија, а подоцна бил распореден во единиците на Првата македонска бригада. Како борец учествувал во борбите за конечното ослободување на Македонија. Загинал во септември 1944 година во борба со балистите.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 59.