Спутник V

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Спутник V
See caption
Вијали од Гам-КОВИД-Вак
Опис на вакцината
Целна болестSARS-CoV-2
Вид?
Клинички податоци
Заштитени имиња
  • Sputnik V[1]
  • Спутник V
Начин на издавање
  • Регистрирана во Русија на 11 август 2020
    AE, AG, DZ, BO, BY, HU, IR, PS, RS: EUA only
Начин на
примена
Intramuscular
Назнака
ATC кодНема
DrugBankDB15848

Спутник V (руски: Спутник V) — вакцина против КОВИД-19 развиена од Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“. Била регистрирана на 11 август 2020 година од Руското министерство за здравство како Гам-КОВИД-Вак (руски: Гам-КОВИД-Вак),[2][3] Спутник V е аденовирусна векторска вакцина.

Гам-КОВИД-Вак била првично одобрена во Русија врз основа на прелиминарните резултати од клиничките студии од фаза I–II кои биле објавени на 4 септември 2020.[4] Брзото одобрување во почетокот на август наишло на критики во масовните медиуми и предизвикако дискусии во научната заедница дали одлуката за одобрување била оправдана во отсуство на робустни научни истражувања кои ја потврдуваат безбедноста и ефикасноста на вакцината.[2][3][5][6][7] На 2 февруари 2021, била објавена анализа од клиничките испитувања во научното списание The Lancet, која покажала ефикасност од 91,6 % без невообичаени несакани ефекти.[8]

Итна масовна дистрибуција на вакцината започнала во декември 2020 во повеќе земји, вклучувајќи ги Русија, Аргентина, Белорусија, Унгарија, Србија и ОАЕ. Почнувајќи од март 2021, четириесет и пет земји дале одобрение за употреба на Спутник V[9] додека над милијарда дози на вакцини биле нарачани за итна дистрибуција на глобално ниво.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Sputnik V“. Russian drug reference. Medum.ru.
  2. 2,0 2,1 Callaway E (August 2020). „Russia's fast-track coronavirus vaccine draws outrage over safety“. Nature. 584 (7821): 334–335. doi:10.1038/d41586-020-02386-2. PMID 32782400. This is a reckless and foolish decision. Mass vaccination with an improperly tested vaccine is unethical. Any problem with the Russian vaccination campaign would be disastrous both through its negative effects on health, but also because it would further set back the acceptance of vaccines in the population.
  3. 3,0 3,1 Cohen J (11 August 2020). „Russia's approval of a COVID-19 vaccine is less than meets the press release“. Science. Посетено на 13 August 2020.
  4. Logunov DY, Dolzhikova IV, Zubkova OV, Tukhvatullin AI, Shcheblyakov DV, Dzharullaeva AS, и др. (September 2020). „Safety and immunogenicity of an rAd26 and rAd5 vector-based heterologous prime-boost COVID-19 vaccine in two formulations: two open, non-randomised phase 1/2 studies from Russia“. Lancet. 396 (10255): 887–897. doi:10.1016/S0140-6736(20)31866-3. PMC 7471804. PMID 32896291.
  5. Mahase E (August 2020). „Covid-19: Russia approves vaccine without large scale testing or published results“. BMJ. 370: m3205. doi:10.1136/bmj.m3205. PMID 32816758.
  6. Burki TK (November 2020). „The Russian vaccine for COVID-19“. The Lancet. Respiratory Medicine. 8 (11): e85–e86. doi:10.1016/S2213-2600(20)30402-1. PMC 7837053 Проверете ја вредноста |pmc= (help). PMID 32896274.
  7. Berkeley Jr L (11 August 2020). „Scientists worry whether Russia's Sputnik V' coronavirus vaccine is safe and effective“. CNBC (англиски). Посетено на 11 August 2020.
  8. Logunov DY, Dolzhikova IV, Shcheblyakov DV, Tukhvatulin AI, Zubkova OV, Dzharullaeva AS, и др. (2021-02-02). „Safety and efficacy of an rAd26 and rAd5 vector-based heterologous prime-boost COVID-19 vaccine: an interim analysis of a randomised controlled phase 3 trial in Russia“. The Lancet. 397 (10275): 671–681. doi:10.1016/s0140-6736(21)00234-8. PMC 7852454 Проверете ја вредноста |pmc= (help). PMID 33545094 Проверете ја вредноста |pmid= (help).
  9. „SPUTNIK V AUTHORIZED IN IRAQ“. sputnikvaccine.com (англиски). March 4, 2021. Посетено на 2021-03-02.
  10. Kramer, Andrew. „Russia is offering to export hundreds of millions of vaccine doses, but can it deliver?“. nytimes.com. Посетено на 20 February 2021.