Таратор: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с Removing Link FA template (handled by wikidata) |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
{{Без извори|датум=ноември 2009}} |
{{Без извори|датум=ноември 2009}} |
||
[[Податотека:TaratorBg.jpg|thumb|200px|Таратор]] |
[[Податотека:TaratorBg.jpg|thumb|200px|Таратор]] |
||
'''Таратор''' или '''таратур''' |
'''Таратор''' или '''таратур''' — освежителна салата или ладна супа, особено популарна во топлата пролет и жешкото лето. |
||
== Како се прави (рецепт) == |
== Како се прави (рецепт) == |
Преработка од 06:40, 3 октомври 2017
Таратор или таратур — освежителна салата или ладна супа, особено популарна во топлата пролет и жешкото лето.
Како се прави (рецепт)
Состојки (за четворица)
- една глава лук
- половина килограм кисело млеко
- две свежи краставици
- 100ml сончогледово или маслиново масло
- една мала лажица сол
Потребен специјален прибор
- дрвен сад за толчење
- дрвен толчник
Подготвување
Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот со сѐ солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична маса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.
Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сецкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар (Anethum graveolens).
Сервирање
Готовиот таратур пред сервирањето се лади во фрижидер. Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки мраз.