Спектрална боја
Спектрална боја — боја која се добива од една бранова должина на светлината во видливиот спектар, или од релативно тесен опсег на бранови должини. Секоја бранова должина на светлината се прикажува како спектрална боја во постојан спектар. Боите кои имаат доволно слични бранови должини се неразличиви една од друга.
Спекатарот се дели на именувани бои, иако поделбата е во извесна мера произволна, бидејќи сепактарот е непрекинат. Традиционални бои се: црвената, портокаловата, жолтата, зелената, сината и виолетовата.
Во неговото „тркало на боите“, Исак Њутн ги вброил црвената, портокаловата, жолтата, зелената, сината, индиго и виолетовата боја. Денес индиго-бојата не се вбројува, бидејќи се смета за тон на сината или виолетовата.
Неспректрални бои
[уреди | уреди извор]Меѓу боите што не се спектрални се вбројуваат:
- Боите од сивата скала (ахроматски бои) како белата, сивата и црната.
- Секоја боја добиена со мешање на боја од сивата скала со друга боја (било спектрална или неспректрална), како розовата, која е мешавина од црвеникава и бела боја.
- Пурпурни бои, каде, според теоријата на боите, спаѓаат магентните, трендафиловите и други бои од „пурпурниот ред“, кои се разни мешавини од виолетова и црвена светлина.