Социологија на расните и етничките односи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Bogoslovka ethnic theme park. Vsevolozhsky District, Russia.
Етнички тематски парк Богословка. Округ Всеволожски, Русија

Социологијата на расните и етничките односи претставува изучување на социјалните, политичките и економските односи помеѓу расите и етничките заедници на сите нивоа во општеството . Оваа област го опфаќа проучувањето на расизамот, како што е просторната сегрегација и другите сложени општествени процеси помеѓу различни расни и етнички групи.

Социолошката анализа на расата и етничката припадност често е во интеракција со постколонијалната теорија и другите области на социологијата како што се стратификацијата и социјалната психологија . Кога станува збор за политичката политика, етничките односи се дискутираат или во смисла на асимилација или мултикултурализам . Антирасизмот формира друг стил на политика, особено популарен во 1960-тите и 1970-тите. На ниво на академско истражување, етничките односи се објаснуваат преку искуствата на поединечни расно-етнички групи или пак преку анализа на сеопфатно теоретски прашања.

Класични теоретичари[уреди | уреди извор]

В.Е.Б. Ду Боа[уреди | уреди извор]

ВЕБ Ду Боа во 1918 година

В.Е.Б. Ду Боа бил припадник на црната раса, научник и активист во 20 век. Ду Боа се едуцирал за припадниците на црната раса, а во академијата барал како начин да ги просветли другите за социјалните неправди против нив. Истражувањето на Ду Боа „ја открива црната раса како симптом, а не како причина; како тежнеечка, пулсирачка група, а не инертно, болно тело на криминал; како долг историски развој, а не минлива појава“.[1] Ду Боис верувал дека црните Американци треба да го прифатат високото образование и да го искористат својот пристап до школувањето за да постигнат повисока позиција во општеството. Тој ја нарекува оваа идеја како талентиран десетти . Со стекнувањето на популарност, тој исто така го промовирал верувањето дека за да бидат црните луѓе слободни на одредени места, тие мора да бидат слободни насекаде.По патувањето во Африка и Русија, тој се откажува од својата оригинална филозофија за интеграција и ја признава како долгорочна визија.[2]

Маркс[уреди | уреди извор]

Идеите на Маркс придонесоа на широко да бидат проучувани теориите на социологијата и теоријата на конфликти. Маркс го опишува општеството дека има девет „големи“ класи, капиталистичката класа и работничката класа, додека средните класи се позиционираат зад едната или другата, на начин како што им одговара. Тој се надевал дека работничката класа ќе се крене против капиталистичката класа во обид да ја запре експлоатацијата на работничката класа. Тој посочил дека дел од неуспехот да се организира работничката е во капиталистичката класа, бидејќи доведува до разлика помеѓу црните и белите работници. Оваа разделба, конкретно меѓу црните и белите луѓе во Америка, значително придонел за расизам. Маркс го припишува придонесот на капитализмот кон расизмот преку сегментираните пазари на труд и расната нееднаквост на заработката.[3]

Букер Т. Вашингтон[уреди | уреди извор]

Букер Т. Вашингтон бил познат припадник на црната раса, воспитувач, роден во 1856 година како роб во Вирџинија. Кога ропството се ближеше кон крајот и беше заменет со систем на делење во јужниот дел на Соединетите држави, Вашингтон станува полнолетен.Со растечката дискриминација на југот по крајот на ерата на реконструкција, Вашингтон верувал дека клучот за напредување во Америка лежи во образованието и подобрувањето на економската благосостојба, а не во политичкиот напредок. Следствено, во 1881 година, тој го основал Институтот Таскеги.Сега Универзитетот Таскеги, има за цел да им обезбеди на поединците образование што ќе им помогне да најдат вработување во растечкиот индустриски сектор. Фокусирајќи се на образованието за црните луѓе, наместо на политичкиот напредок, тој добива финансиска поддршка од белите луѓе за неговата кауза. Меѓутоа, тајно, тој се залагал за правни предизвици против сегрегацијата и лишувањето од правото на црната раса.[4]

Вебер[уреди | уреди извор]

Макс Вебер ги постави темелите за микро-социологија на етничките односи почнувајќи од 1906 година. Вебер тврдел дека биолошките особини не можат да бидат основа за дефинирање на групата освен ако не се замислени како заеднички карактеристики. Токму оваа заедничка перцепција и заедничките обичаи создаваат и разликуваат еден етникум од друг. Ова се разликува од ставовите на многу негови современици кои веруваа дека етничката група е формирана само од биолошки сличности, освен од социјалната перцепција за членството во група.[5]

Модерни теоретичари[уреди | уреди извор]

Едуардо Бонила-Силва[уреди | уреди извор]

Едуардо Бонила-Силва моментално е професор по социологија на Универзитетот Дјук и е претседател на Американското социолошко здружение од 2018 година.[6] Докторирал во 1993 година на Универзитетот во Висконсин-Медисон, каде што го запознал својот ментор, Чарлс Камик, за кој рекол: „Камик веруваше во мене и непосредно пред дипломирањето ми рече дека доколку останам во државата ќе придонесам многу за американската социологија“. Бонила-Силва не ја започнува својата работа како „научник за расата“, туку првично бил обучен за класна анализа, политичка социологија и социологија на развојот ( глобализација ).[7] Дури кон крајот на 1980-тите, кога се приклучува на студентското движење кое повикува на расна правда на Универзитетот во Висконсин, ја започнува својата работа.[8] Во својата книга Расизам без расисти, Бонила-Силва дискутира за помалку отворен расизам, кој тој го нарекува „нов расизам“, кој се маскира „под плаштот на законитоста“ со цел да ги постигне истите работи. Тој, исто така, зборува за „далтонист расизам“, кој во суштина е кога луѓето ја напуштаат основата дека сме постигнале еднаквост и ги негираме минатите и сегашните дискриминации.[9]

Патриша Хил Колинс[уреди | уреди извор]

Патриша Хил Колинс моментално е угледна универзитетска професорка, на Универзитетот во Мериленд, Колеџ Парк . Докторирала по социологија во 1984 година на Универзитетот Брандеис . Колинс била новоизбраниот претседател на Американското социолошко здружение, каде што како 100-ти претседател беше и првата Афроамериканка претседателка на организацијата. Колинс е социјален теоретичар чија работа и истражувањето, првенствено се фокусира на расата, социјалната класа, сексуалноста и полот. Напишала голем број книги и статии на споменатите теми.[10] Работата на Колинс се фокусира на интерсекционалноста, гледајќи ги проблемите низ објективот на обоените жени.

Дениз Фереира да Силва[уреди | уреди извор]

Дениз Фереира да Силва е обучен социолог и критички филозоф на расата. Таа е професорка и директорка на Институтот за социјална правда (Институт за пол, раса, сексуалност и социјална правда) на Универзитетот во Британска Колумбија. Пред да се приклучи на Институтот, таа била вонреден професор по етнички студии, на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего. Главната монографија на Да Силва, Кон глобална идеја за расата, ја следи историјата на модерната филозофска мисла од Декарт до Хердер со цел да се реконструира појавата на расата како историски и научен концепт. Оваа социологија за расните односи на Да Силва го лоцира умот како начелно место на развојот на расното и културното кое се појавува како глобално (надворешно-просторно) во современиот контекст.[11]

Развој на дисциплина по земји[уреди | уреди извор]

Соединети Држави[уреди | уреди извор]

Во Соединетите Американски Држави, проучувањето на расните и етничките односи е под големо влијание од процесите на имиграција, бидејќи групата што доаѓа се бори да го задржи сопствениот културен и етнички идентитет, но и истовремено се асимилира во пошироката американска култура и економија .

Една од првите и најраспространетите теми во американското истражување е онаа за односите меѓу белите Американци и Афроамериканците поради тешката колективна меморија и култура што произлегуваат и се задржуваат од вековното принудно ропство на плантажите . Низ остатокот од американската историја, секој нов бран на имиграција во Соединетите Држави носи нов сет на прашања бидејќи тензијата помеѓу одржувањето на различноста и асимилацијата добива нови форми. Расизмот и конфликтот често се зголемуваат со текот на времето.[12] Во Соединетите Држави,пости тенденција малцинствата да бидат казнети во време на економски, политички и/или геополитички кризи. Меѓутоа, времињата на социјална и системска стабилност имаат тенденција да ги пригушат сите основни тензии меѓу различните групи. Во време на општествена криза, американскиот идентитет се исправува во преден план на политичкиот пејзаж на Америка.[13] Таквите примери може да се видат во Извршниот налог 9066 кој ги ставаше Јапонците Американци во центри за затворање, како и Кинескиот закон за исклучување од 19 век кој им забрануваше на кинеските работници да емигрираат во Соединетите држави (локалните работници ги гледаа кинеските работници како закана).

Обединето Кралство[уреди | уреди извор]

По распадот на Империјата и општественото уништување од Втората светска војна, во 1950-тите странските државјани во Обединетото Кралство беа активно охрабрувани и спонзорирани да мигрираат.

Законот за имигранти од Комонвелтот од 1962 година го промени законот така што само одредени членки на Британскиот Комонвелт можеа да мигрираат. Овој закон беше повторно заострен со Законот за имигранти на Комонвелтот од 1968 година и Законот за имиграција од 1971 година . Законот за расни односи од 1968 година прошири одредени политики за антидискриминација во однос на вработувањето, домувањето, комерцијалните и другите услуги. Ова беше повторно проширено со Законот за расни односи од 1976 година .

Во Обединетото Кралство, „етничките односи“ често се изучуваат како различна дисциплина во катедрите за социологија или други школи за хуманитарни науки.

Расистичка политичка кампања постер од изборите за гувернер во Пенсилванија во 1866 година

Ревизорски студии[уреди | уреди извор]

Друг важен аспект на истражување за расата е во форма на ревизорски студии. Пристапот на ревизорските студии е во тоа што создава група на луѓе меѓу кои нема просечни разлики по раса. На пример, групите на бели и црни се совпаѓаат во секоја категорија, освен во нивната раса, и темелно се обучени да дејствуваат на идентични начини. Со оглед на речиси идентични резимеа, тие се испраќаат на интервју за истите работни места. Едноставните споредби може да дадат силни докази во врска со дискриминацијата. Најпознатата ревизорска студија во социологијата е Знакот на криминалното досие на социологот Дева Пејџер од Универзитетот Харвард . Оваа студија ги споредува можностите за работа на црните и белите мажи кои неодамна биле ослободени од затвор. Нејзиниот клучен наод е дека црните луѓе се значително дискриминирани кога аплицираат за услужни работни места. Покрај тоа, белите луѓе со криминално досие имаат приближно исти можности да добијат интервју како и црните луѓе без интервју.[14] Друга неодамнешна ревизија на социологот на Калифорнискиот унивезритет во Лос Анџелес, С. Мајкл Гадис, ги испитува можностите за работа на црно-белите дипломирани студенти од елитните приватни и висококвалитетни државни високообразовни институции. Ова истражување открива дека црните луѓе кои дипломираат од елитно училиште како што е Харвард имаат приближно исти можности да добијат интервју како и белите кои дипломираат од државно училиште [15]  

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Du Bois, W.E.B. 1940. Dusk of dawn; an essay toward an autobiography of a race concept. Schocken Books.
  2. Hynes, Gerald. ????. A Biographical Sketch of W.E.B. Du Bois Архивирано на 10 мај 2019 г.. W.E.B. Du Bois Learning Center.
  3. Bohmer, Peter. 1998. Marxist Theory of Racism and Racial Inequality[мртва врска]. Readings in Black Political Economy
  4. Harlen, Louis. 1972. Booker T. Washington. University of North Carolina Press.
  5. Banton, Michael. 2008. The Sociology of Ethnic Relations. Ethnic and Racial Studies.
  6. „Leadership“. American Sociological Association (англиски). 2009-05-23. Архивирано од изворникот на 2019-05-19. Посетено на 2018-11-05.
  7. „Eduardo Bonilla-Silva | Duke Sociology“. sociology.duke.edu (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-11-04. Посетено на 2018-11-05.
  8. „Introducing Eduardo Bonilla-Silva, 2018 ASA President“. American Sociological Association (англиски). 2017-10-29. Посетено на 2018-11-05.
  9. Bonilla-Silva, Eduardo (2017). Racism without racists : color-blind racism and the persistence of racial inequality in America (Fifth. изд.). Lanham. ISBN 9781442276222. OCLC 973481548.
  10. „Patricia Hill Collins | SOCY l Sociology Department l University of Maryland“. socy.umd.edu (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-05-16. Посетено на 2018-11-05.
  11. da Silva, Denise Ferreira (2007). Toward a Global Idea of Race. Minneapolis: University of Minnesota Press. ISBN 9780816654383. OCLC 247457439.
  12. Park, Robert Ezra. 1950. The Early Sociology of Race and Ethnicity. The Free Press.
  13. Fong, Jack. „American Social 'Reminders' of Citizenship after September 11, 2001: Nativisms in the Ethnocratic Retractability of American Identity“. Qualitative Sociology Review. 4 (1): 69–91. doi:10.18778/1733-8077.4.1.04.
  14. Pager, D. (March 2003). „The Mark of a Criminal Record“. American Journal of Sociology. 108 (5): 937–975. doi:10.1086/374403.
  15. Gaddis, S. M. (June 2015). „Discrimination in the Credential Society: An Audit Study of Race and College Selectivity in the Labor Market“. Social Forces. 93 (4): 1451–1479. doi:10.1093/sf/sou111.

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]