Софи Бжеска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Софи Бжеска
Софи Бжеска, 1910
Роден(а)Zofia Brzeska
Лончки, Полска
Починал(а)болница Кони Хил, Глостер, Англија
Националностполско
Познат(а) пописател, муза на Анри Годје-Бжеска

Софи Бжеска - Sophie Gaudier-Brzeska ( Zofia Brzeska; 8 јуни 1872 – 17 март 1925) беше полска писателка и уметничка муза најпозната по тоа што беше придружник на уметникот Анри Годје-Бжеска[1].

Софи и Анри се запознале во 1909 година во Париз и започнале интензивна врска. Анри го припоил нејзиното презиме иако тие никогаш не се венчале. Голем дел од она што научниците и историчарите можеа да го откријат за Софи Бжеска потекнува од нејзината лична преписка со Гаудие. Џим Еде ги проучувал нејзините трудови по нејзината смрт и опширно се потпирал на нејзиното пишување кога го објавил „Животот на Годје-Бжеска“ (1930)[2].

Рани години[уреди | уреди извор]

Софи Бжеска е родена во близина на Краков, Полска во 1873 година во семејство од 11 членови. рано, побегнала од Полска во Париз за да стане писателка. Таа прифатила низа работни места како гувернанта, од кои едната вклучувло неколку години да живее во САД. Нејзината сиромаштија и постојано работење во туќи семејства ја довело до работ на самоубиство[3].

Животот со Анри Годје-Бжеска[уреди | уреди извор]

Бжеска и Гаудие се запознале во 1909 година во Библиотека Сен-Женевиев - Bibliothèque Sainte-Geneviève во Париз и започнале интензивна врска.

Нивната врска е специфична и е една од уметничките љубовни врски кои извршиле значајно влијание врзевропската уметност од почетокот на дваесеттиот век[4].

Творештво[уреди | уреди извор]

Софи оставила неколку стотици ракописи, кои никогаш претходно не биле објавени, од кои повеќето ги напишала на француски и англиски јазик. Нејзината прва книга е објавена 83 години по нејзината смрт благодарение на Џилијан Рафлс, истражувач и собирач на дела на Анри Годје-Бжеска.

Софи напишала голем број верзии на нејзината автобиографија со наслов „Матка“, но ништо, од неа не било објавено до до 2008 година. Книгата „Матка и други записи“ е од ракописни листови кои се заборавени и необјавени повеќе од 50 години. Еден дел од оваа група трудови е верзија на „Матка“ и ја вклучува нејзината прва средба и нејзиниот живот со Анрии неговото прифаќање на името Годје-Бжеска. Детално опишала за тоа што и се случило веднаш откако Анри Годје-Бжеска бил убиен на фронтот во Франција во 1915 година, како и нејзините напори да организира спомен-изложба на неговата работа и дава искрен поглед на тоа како таа се чувствувала пред пријателите: Т. Е. Хулме, Езра Паунд, Роберт Беван.

Брзеска пишувала и на француски и на англиски јазик, а од јазикот и темпото на пишувањата е јасно дека била поетски чувствителна, нежна и емотивна. Кога пишува на англиски, нејзиниот правопис станува постепено похаотичен како и нејзиниот ракопис на двата јазика. Намерата на уредникот беше да ги задржи овие елементи евидентни во преводот и транскрипцијата за да биде верна на нејзиниот лик и ескалирачкиот емоционален интензитет и да го слушне нејзиниот единствен глас. Нејзиното игнорирање на конвенционалните интерпункциски знаци е задржано од истата причина.

Со Анри, живееле во целосна беда, по неговата смрт, севкупната негова ликовна заоставнина останала кај неа. целосно посветена на нивната врска, таа ги зачувала сите негови дела, и пишувала литературно наследство во кое поетски го воздигнува нивниот живот, единствена заедница и љубов. нејзините ракописи, за среќа останале зачувани а денес се во Универзитетската библиотека Кембриџ, Универзитетот во Есекс и Музеј за ликовни уметности во Орлеан. Во 2008 година беа објавени непрочистените списи на Софи[5],[6].

Подоцнежните години[уреди | уреди извор]

Брзеска се преселила во Воттон-ундер-Едге во Глостершир во 1916 година. Нејзината ментална состојба се влошила и во 1922 година била сместена во окружната ментална болница каде што била регистрирана како Софија Сузана Годје.

Смрт[уреди | уреди извор]

Брзеска починала во Окружната душевна болница, Барнвуд, Глостершир на 17 март 1925 година.

Таа често беше изоставена од написите и студиите за животот на Годје. Таа неправда после скоро половина век била исправена во филмот Savage Messiah, „Дивиот Месија“ на Кен Расел од 1972 година заснован на книгата на Еде,кој е целосно фокусиран на врската на Софи и Анри , давајќи им еднаква важност во обликувањето на животот на едниот кон другиот. Во филмот ја играше глумицата Дороти Тутин[7].

Значење[уреди | уреди извор]

Анри бил убиен во Првата светска војна на 23 годишна возраст. Краткиот живот, не била пречка да создаде огромен опус мошне значаен за светската ликовна уметност од почетокот на дваесеттиот век особена во вајарството. Суштинска улога во неговото творештво одиграла Софи и нивната неизмерна љубовна врска. Иако долго време занемарувана, игнорирана, сепак, пред нецела една деценија, откриено е нејзиното литературно творештво кое допрва ќе биде целосно проучувано, афирмирано со суштинска ревизија. Софи Бжеска е една од жените на дваесеттиот век која носи длабок историски контекст и вообичаено како за најголем дел од уметниците на запад, живеела во крајна беда а по смртта на Анри, отфрлена и осамена завршува во лудница, место во кеи биле сместувани сите оние кои не се вклопувале во општествените кодифицирани рамки[8],[9],

Наводи[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Pound, Ezra, Gaudier-Brzeska: a Memoir. London: John Lane, 1916; rpt. New York: New Directions, 1970 ISBN 0-8112-0527-4 (a memoir of Pound's time with Gaudier-Brzeska, including letters and photos of sculpture)
  • "We the Moderns": Gaudier-Brzeska and the Birth of Modern Sculpture. Cambridge: Kettle's Yard, 2007 ISBN 1-904561-22-5 (catalogue of an exhibition of the same name)

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Ede, H. S. Savage Messiah: a biography of the sculptor Henri Gaudier-Brzeska; with new texts by Sebastiano Barassi, Evelyn Silber and Jon Wood. Leeds: Henry Moore Institute, 2011 ISBN 1-905462-34-4

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: