Соборна црква „Рождество Христово“ (Кишињев)
Соборна црква „Рождество Христово“ | |
---|---|
Catedrala Mitropolitană „Nașterea Domnului” | |
47°01′33.8″N 28°50′04.3″E / 47.026056° СГШ; 28.834528° ИГД | |
Место | Кишињев |
Земја | Молдавија |
Вероисповед | Православна црква |
Историја | |
Посветена на | Исус |
Посветена | 15 октомври 1836 |
Архитектура | |
Статус | Соборна црква |
Архитект(и) | Аврам Мелников |
Стил | Ампир |
Физички особености | |
Должина | 37,44 м |
Соборна црква „Рождество Христово“ (романски: Catedrala Mitropolitană „Nașterea Domnului”) — главната соборна црква на Молдавската православна црква во Секторот Центар, Кишињев, Молдавија. Била нарачана од гувернерот на Новорусија, принцот Михаил Семјонович Воронцов и митрополитот Гаврил Банулеску-Бодони во 1830 година.
Соборната црква била изградена во 1830-тите во неокласичен стил од Аврам Мелников (кој проектирал слична црква во Болград). Соборната црква била бомбардирана за време на Втората светска војна, а нејзината камбанарија била уништена од месните комунисти во 1962 година. Новата камбанарија е изградена во 1997 година. За време на советското раздобје, богослужбата била забранета, а соборната црква била претворена во изложбен дом.
Дизајнот на Мелников е неокласичен. Фасадата е многу едноставна и јасна со шест дорски столбови на влезот. Поради бројните разурнувања што ги претрпела соборната црква низ времето, зградата неколкупати била обновувана и бил менуван нејзиниот облик. На пример, сегашната цинкова купола и нејзиниот крст на врвот се додаток од 1997 година изграден врз претходната структура. Внатрешноста била целосно празна за време на советското раздобје, но денес има насликани ѕидови во чист православен стил.
-
За време напротестите на парламентарните избори во 2009
-
Камбанаријата
-
Камбанаријата и црквата
-
Молдавското знаме пред црквата.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Катедралата Преображение во Одеса
- Молдавската православна црква
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Соборна црква „Рождество Христово“ (Кишињев) на Ризницата ?