Сланинијада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сланина

„Сланинијада“ — туристичка манифестација која секоја година се одржува во текот на февруари во Спортската сала во Качарево.[1]

Во 2006 година се одржала по 19-ти пат. Станува збор за единствен саем на сланина, месо и месни преработки, со културна, уметничка и забавна програма. Натпреварот се одвива во готвење паприкаш „Златно котле“, топење на сланина под наслов „Златна џимиринка“, колење на свињи на традиционален начин, фаќање на прасе од вреќа, со придружни програми на „Сланинијада“.

Организаторот, Туристичкото друштво Качарево, организира изложба и дегустација на стари и заборавени јадења. За време на манифестацијата, која трае три дена во февруари, се одржува и изложба на творештвото на националните заедници на Војводина и демонстрација на кулинарски вештини, со настап на фолклорни групи.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]