Славчо Џеков
| Славчо Џеков | ||
| Роден | Славчо Џеков 21 септември 1924 Раклиш, Кралство Југославија | |
|---|---|---|
| Починал | 21 јануари 1999 (возраст: 74) Скопје, | |
| Националност | Македонец | |
| Занимање | универзитетски професор | |
Славчо Џеков (21 септември 1924 во Раклиш – 21 јануари 1999 во Скопје) – универзитетски професор, специјалист од областа на одгледувањето на шумите и за предметот дендрологија, декан на Шумарскиот факултет од 1982 до 1984 година.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Славчо Џеков е роден на 21 септември 1924 година во село Раклиш, Радовишко, Македонија. Гимназиското школување го започнал во Радовиш, а го завршил во Софија. Во учебната 1946/47 година се запишал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Земун, а дипломирал на новоотворениот Земјоделско-шумарски факултет во Скопје во 1950 година. Во 1952 година бил избран за асистент на предметот Дендрологија на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Докторирал во 1959 година на Шумарскиот факултет во Загреб на темата под наслов: „Систематски положај, географске и шумско узгојне особине домаће црне и сиве, као и одомаћене пирамидалне тополе у НР Македонији”. За доцент по предметот Дендрологија е избран во 1960 година, за вонреден професор во 1965 година, а во 1971 година за редовен професор по истиот предмет. Во периодот од 1967 до 1978 година ја изведувал и наставата по предметот Одгледување на шумите. Пензиониран бил на 1 октомври 1987 година. Починал во 1999 година.[2]
Се занимавал со проучување на дендрофлората, шумско-вегетациските односи и воведувањето на популикултурата во Македонија. Дал голем придонес во проучувањето на тополите и глоговите, при што открил нови видови. Публикувал бројни трудови во домашни и во странски списанија.
Творештво
[уреди | уреди извор]- Дендрологја, (учебник) Скопје 1987;[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џамија“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1638. Text "series " ignored (help)
- 1 2 Монографија 70 години Шумарски факултет