Прејди на содржината

Славка Недиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Славка Неделко Недиќ ( 1917 во Скопје1944 во Власотинце, Србија) — македонска партизанка, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Живеела, учела и работела како професорка во Скопје. По окупацијата на земјата го напуштила својот роден град. Во 1941 година стапила во партизански одред. Четири години поминала во партизански единици, водејќи борби против окупаторот на боиштата низ цела Југославија. Служела за пример со својата храброст и совесност во извршувањето на поставените задачи. Во 1944 година со својата единица, дејствувала во Црна Трава. Во борбите против непријателот на позициите кај Власотинце била ранета и заробена од четниците, кои веднаш потоа ја стрелале.[1]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 102. На |first= му недостасува |last= (help)