Саве Милошески

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Славе Милошески)
Саве Милошески
Роден 1925 година
Јагол, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1944 година
Богомила, Македонија
Националност Македонец

Саве Ничев Милошески ( 1925 во Јагол, Кичевско1944 во Богомила) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик од НОБ во Јагол, на кој е испишано името на Саве Милошески и неговите соборци од селото.

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско земјоделско семејство, па ѝ самиот тој се занимавал со земјоделие. Како напреден младинец се определил за борба против фашистичкиот окупатор. Во НОВ на Македонија се приклучил во есента 1943 година во Групата баталјони, а подоцна, со формирањето на Првата македонско-косовска бригада, станал нејзин борец. Со Бригадата заминал за Егејска Македонија во познатиот Февруарски поход, но загинал во борбите со бугарските војници.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 81.