Скопје '63

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Скопје '63“
РежисерВељко Булајиќ
ПродуцентСтипе Гурдулиќ
Ристо Теофиловски
СценаристЈован Бошковски
Стеван Булајиќ
Ратко Ѓуровиќ
Матеја Матески
Ѓорѓе Старделов
КинематографијаЖиворад Милиќ
Љубе Петковски
Драган Салковски
Александар Секуловиќ
МонтажаВељко Булајиќ
СтудиоЈадран филм
Премиера12 март 1964 (1964-03-12)
Времетраење77 минути
ДржаваЈугославија Југославија
ЈазикСрпско-хрватски јазик

Скопје '63 (на српско-хрватски: Skoplje '63) — југословенски црно-бел документарен филм од 1964 година режиран од Вељко Булајиќ за Скопскиот земјотрес од 1963 година. Филмот бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 1964 година, но не влегол во главната конкуренција.[1] Филмот исто така бил избран за југословенски кандидат за Оскар за најдобар странски филм на 37. доделување на Оскарите, но не добил номинација.[2]

Снимањето на филмот започнало три дена по катастрофалниот земјотрес и траело четири месеци. Потоа, Булајиќ потрошил дванаесет месеци на монтирање во студиата на Јадран филм.[3] Во филмот се прикажуваат последиците од земјотресот кој го погодил Скопје, главниот град на тогашна СР Македонија, како и акциите на спасување и хуманитарната помош која во Скопје стигнала од другите краеви на Југославија и од бројни земји од светот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Festival de Cannes: Skoplje '63“. festival-cannes.com. конс. 1 March 2009. 
  2. Margaret Herrick Library, Academy of Motion Picture Arts and Sciences
  3. „Vrdoljak izigrava patnika a štitio ga je admiral Mamula“. Večernji list (хрватски). 15 May 2010. конс. 2010-05-21. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]