Скијачки спојки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скијачки спојки

Скијачки спојки или разговорно скијачки везови — механички делови на скии кои овозможуваат ногата на скијачот да се прицврсти за скијата. Во зависност од скијачката дисциплина, постојат голем број на различни изведби.

Во алпското скијање, спојките се со таква конструкција што овозможуваат скијачката обувка да се прицврсти на скијата со целата должина на стапалото на скијачот. Друга функција на скијачката спојка е автоматско ослободување на поврзувањето помеѓу чевелот и скијата во случај на пад, со што се спречува повреда што може да настане ако скијата со својата должина и тежина користејќи го принципот на лост да ја изврти или дури и скрши ногата на скијачот. Затоа, за правилен избор на скијачки спојки, потребно е да се знае висината и тежината на скијачот кој ќе ги користи спојките и правилно да се прилагоди силата потребна за ослободување на спојката во случај на пад.

За нордиско скијање се користи спојка што овозможува одвојување на петицата на скијачот од скијата, за да се овозможи правилен скијачки чекор со кој скијачот се движи по снегот. Бидејќи движењето се постигнува со замавнување на ногата наназад, неопходно е да се подигне петицата на скијачот од скијата, но притоа да се користат прстите како точка на притисок на скијата.