Синиот Камаро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Синиот Камаро е расказ од Бил Муди, објавен во збирката „Кокаински хроники“, во 2010 година, во издание на „Темплум“. Преводот на македонски јазик е дело на Владимир Петревски.

Содржина[уреди | уреди извор]

На Роберт (Боби) Вер му го крадат спортскиот автомобил „Шеви-Камаро“, заедно со саксофонот. По некое време, полицијата му соопштува дека го пронашла автомобилот, кој го украл еден криминалец, Рејмонд Моралес. По лудата трка со полицијата, Моралес е убиен при што е оштетен и автомобилот на Боби. Полицијата му го враќа автомобилот и Боби, под впечаток на трагите од куршумите на седиштата, започнува да се интересира за крадецот на неговиот автомобил. Затоа, оди на неговиот погреб, каде го препознава сестрата на Моралес, Габриела, која одела во истото средно училиште со Боби. Во следните денови, тие се среќаваат повторно и тогаш, Габриела му кажува дека тој бил нејзината средношколска љубов. Така, поврзани со убиството на Моралес, Боби и Габриела стануваат блиски.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бил Муди, „Синиот Камаро“, во: Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 142-163.