Северна Карелија
Северна Карелија (фински: Pohjois-Karjala, шведски: Norra Karelen) е округ во источниот дел на Република Финска. Зафаќа површина од 21.583 квадратни километри и тука живееле 165.869 жители. Главен град е Јоенсу кој има 64.000 жители.
Географија
[уреди | уреди извор]Според релјефот, округот припаѓа на историската област Карелија, заземајќи го нејзиниот северозападен дел. Тука преовладува рамничарско подрачје во висина од 80 - 200 метри. Климата во Северна Карелија е остра континентална. И покрај тоа што е сместен внатре во копното, овој округ има многу леднички езера. Најголема река е Пиелинен.
Население
[уреди | уреди извор]Според податоци од 2012 година, во Северна Карелија живеат над 165.000 жители. Од 2000 година па наваму населението во округот опаднало за 5%. Густината на населението изнесува 9 жители/км2 што е за 2 пати пониско од просекот на државно ниво. Етничкиот состав го сочинуваат во најголем број Финци, меѓутоа има и мал број доселеници Руси од блиските прекугранични места во Русија.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Округот Северна Карелија се состои од 14 општини и тоа: