Северен Левант
Изглед
Северниот Левант ― регион во источното Средоземје, дел од поширокиот регион на Левантот, кој оди на југ сè до реката Литани.
Во археологијата, Северниот Левант може да се дефинира како северен дел од она што на арапски се нарекува „билад ал-шам, „земјата на шам [Сирија]“, со други поими северниот дел на голема Сирија.[1] Оксфордскиот прирачник за археологијата на Левантот: ок. 8000–332 п.н.е. (ОХАЛ; 2013) ги дефинира нејзините граници, за специфичните цели на книгата, на следниов начин.
- На север: планината Таур[1] или Амичката Рамница[2]
- На исток: источните пустини, т.е. (од север кон југ) Еуфрат и областа Џебел ел-Бишри за северниот Левант, проследена со Сириската Пустина источно од источната заднина на Антилибанскиот масив (чиј најјужен дел е Планината Хермон), позната и како регионот Бадија.[2] Со други зборови, Месопотамија и северно Арабиската Пустина.[1]
- На југ: реката Литани, која ја означува границата кон Јужниот Левант.[2]
- На запад: Средоземното Море[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Библиографија
[уреди | уреди извор]- Steiner, Margreet L.; Killebrew, Ann E. (2013). The Oxford Handbook of the Archaeology of the Levant: c. 8000-332 BCE. OUP Oxford. стр. 2, 9. doi:10.1093/oxfordhb/9780199212972.001.0001. ISBN 9780199212972.