Себастијан Жапризо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Себастијан Жапризо
Роден 4 јули 1931
Марсеј, Франција
Починал 4 март 2003
Виши, Франција
Занимање писател, сценарист, режисер
Националност французин

Потпис

Себастијан Жапризо (4 јули 19314 март 2003) — француски писател, сценарист, и режисер, роден во Марсеј. Се потпишувал под псевдонимот Жан-Батист Роси, анаграм од неговото вистинско име. Жапризо бил наречен и „францускиот Греем Грин“. Бил познат во франкофонските земји, но не и во земјите од англиското говорно подрачје, иако дел од неговите книги биле преведени на англиски.

Жапризо стекнал популарност на 17 години кога го напишал романот Les Mal Partis, кој бил објавен во Франција и САД. Освен со писателска, се бавел и со преведувачка дејност, преведувајќи ги на француски романите на Џером Дејвид Селинџер. Во 1962 сакал да се проба со крими-романите, но бидејќи не бил сигурен како читателите ќе го прифатат, романот The 10.30 from Marseille го потпишал под псевдоним. Романот бил фимски преработен и доживеал голем успех. Неговите два следни криминалистички романи, Trap for Cinderella и The Lady in the Car with Glasses and a Gun, му ги донеле наградите „Grand Prix de Littérature Policière“ во 1963 за првиот и „Le Prix d'Honneur“ во 1966 за вториот роман. Два филма биле снимени според романите, кои исто така биле успешни.

Дела[уреди | уреди извор]

Романи[уреди | уреди извор]

  • Les Mal Partis (1950)
  • Visages de l'amour et de la haine (1950)
  • L'Odyssexe (1965)
  • L'Été meurtrier (1977)
  • La Passion des femmes (1986)
  • Un long dimanche de fiançailles (1991)

Криминални романи[уреди | уреди извор]

  • Compartiment tueurs (1962)
  • Piège pour Cendrillon (1963)
  • La Dame dans l'auto avec des lunettes et un fusil (1966)

Сценарија[уреди | уреди извор]

  • La Machine à parler d'amour (1967)
  • Adieu l'ami (1968)
  • The Lady in the Car with Glasses and a Gun (1970)
  • La Course du lièvre à travers les champs (1972)
  • Le Passager de la pluie (1992)

Збирки[уреди | уреди извор]

  • Écrit par Jean-Baptiste Rossi (1987)
  • Japrisot volume 1 (2003)
  • Japrisot volume 2 (2004)
  • Romans policiers (2011)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]