Меѓународна организација на франкофонијата
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Франкофонија (фр. L’OIF) службен назив „Меѓународна организација на франкофонијата“, е составена од голем број на држави, земји и региони на сите пет континенти во светот кои го користат францускиот јазик како национален, службен, работен и во меѓународните комуникации. Франкофонијата е француски израз, за првпат употребен во 1880 година, од страна на францускиот географ Onesim Reclus, брат на Elise Reclus, кој ја означил заедницата на луѓе и држави во светот кој го користат францускиот јазик. Франкофонијата ја сочинуваат 56 земји членки и 14 земји набљудувачи со 950 милиони жители, и површина од 28 милиони км2.

Во секоја од овие земји францускиот јазик е или мајчин, или службен, или официјален со некој друг јазик, или употребуван во разни институции или барем во мал дел се користи. Модерната франкофонија датира од 1970 година. Нејзиното мото е еднаквост, комплементарност, солидарност (egalite, complementarite, solidarite). Во почетокот франкофонијата била мала заедница од земји во кој се зборувало францускиот јазик, додека денеска таа е меѓу трите најголеми организации во светот, чиишто земји соработуваат на културно поле, науката, економијата, правдата и мирот.
Заедно со останатите организации како што е УНЕСКО, франкофонијата работи на развојот на лингвистиката и културата во ерата на глобализам. Исто така многу соработува со слични организаации, а особено со шпански (Латинска унија), и со португалски (Заедница на држави со португалски јазик), кои се многу значајни во светот.
Структура
[уреди | уреди извор]L’OIF има статус на набљудувач во седницата на Cоветот за безбедност.
Самити
[уреди | уреди извор]Самитите се одржуваат на секои 2 години, кога водачите на земјите членки имаат можност да се сретнат и да ја развиваат стратегијата и целите на организацијата. Важно е да се напомене дека оригиналниот основач на франкофонијата бил Samuel de Champlain.
ПРЕТХОДНИ САМИТИ
- Париз, Франција (1986)
- Квебек, Канада (1987)
- Дакар, Сенегал (1989)
- Париз, Франција (1991)
- Порт Луј, Маврициус (1993)
- Котоноу, Бенин (1995)
- Ханој, Виетнам (1997)
- Монктон, Канада (1999)
- Бејрут, Либан (2002)
- Уагадугу, Буркина Фасо (2004)
- Букурешт, Романија (2006)
- Квебек, Канада (2008) по повод 400 години од основањето на Квебек
Постојан совет
[уреди | уреди извор]Постојаниот совет на франкофонијата се состои од амбасадори на земјите членки, и како министерска конференција, негова главна задача е планирање за наредниот самит и надгледување на одлуката на самитот за имплементација врз основа на ден зад денот.
Меѓународна агенција
[уреди | уреди извор]Меѓународната агенција е главен оператор на културните, техничките, научните, економските и правните програми и одлуки на самитот. Седиштето на агенцијата е во Париз, а има и три ограноци во Либравил, Габон, Ломе, Того и Ханој, Виетнам.
Постојани земји членки
[уреди | уреди извор]Европа
- Франција
- Албанија
- Белгија
- Андора
- Бугарија
- Грција
- Луксембург
- Македонија
- Молдавија
- Монако
- Романија
- Швајцарија
СЕВЕРНА И ЈУЖНА АМЕРИКА
- Канада: Квебек (учествува влада), Њу Брaнзвик (учествува влада), Онтарио (посматрач со можно членство)
- Доминиканска Pепублика
- Хаити
- Света Луција
АФРИКА
- Бенин
- Буркина Фасо
- Бурунди
- Египет
- Зелено'ртски Oстрови
- Камерун
- ЦАР
- Чад
- Мароко
- Комори
- Конго, Демократска Република
- Конго, Република
- Брегот на Слоновата Коска
- Џибути
- Екваторска Гвинеја
- Гвинеја
- Гвинеја-Бисао
- Мадагаскар
- Мали
- Мавританија
- Маврициус
- Нигер
- Руанда
- Саун Томе и Принсип
- Сенегал
- Сејшели
- Того
- Тунис
АЗИЈА
ОКЕАНИЈА
Асоцијативни членки
Набљудувачи