Прејди на содржината

Светлински тек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фотопна (црно) и скотопна (зелено) функција на сјајност. Хоризонталната оска прикажува бранова должина во нанометри (nm).
Улбрихтова топка (интегратор) за мерење на светлинскиот тек од еден извор.

Во фотометријата, светлински тек (светлински тек, светлинска моќ) — мерка за восприемената моќ на светлината. Се разликува од зрачниот тек (вкупна моќ на израчената светлина) по тоа што светлинскиот тек е прилагоден со оглед на различната чувствителност на човечкото око на светлина со разни бранови должини.

Единицата за светлински тек во системот SI е луменот (lm). Еден лумен се дефинира како светлинскиот тек што го оддава извор кој зрачи со светлинска јачина од една кандела во просторен агол од еден стерадијан. Во другите системи, светлинскиот тек се изразува со единици за моќ.

Пондерација

[уреди | уреди извор]

Светлинскиот тек ја зема предвид чувствителноста на окото по пат на пондерирање на моќта при секоја бранова должина со функцијата на сјајност, која ја претставува чувствителноста на окото на разни бранови должини. Светлинскиот тек е пондериран збир на моќта при сите бранови должини во водливиот појас. Светлината вон видливиот појас се занемарува. Соодносот на вкупниот светлински тек со зрачниот тек се нарекува светлинска делотворност.

Практична примена

[уреди | уреди извор]

Оваа мерка честопати се користи како како објективна мерка на полезна светлина што зрачи од некој извор, и како таква се наведува на опаковката на светилките. Штедливите потрошувачи обично го споредуваат светлинскиот тек на разни светилки бидејќи така добиваат претстава за количеството на светлина што ќе го добијат од неа. Оваа мерка е корисна и при споредбата на светлинската делотворност кај жаречките и компактните флуоресцентни светилки.

Фотометриски единици на SI
Величина Симбол[б 1] SI-единица Симбол Димензија Белешки
Светлосна енергија Qv [б 2] лумен-секунда lms TJ единицата е наречена и „талбот“
Светлосен тек Φv [б 2] лумен (= cdsr) lm J наречен и „светлосна моќ“
Светлосна јачина Iv кандела (= lm/sr) cd J [б 3] основна SI-единица, светлосен тек по единица просторен агол
Блескавост Lv кандела на квадратен метар cd/m2 L2J единиците се наречени и „нити“
Осветленост Ev лукс (= lm/m2) lx L2J за светлина врз површина
Светлосна излезност Mv лукс (= lm/m2) lx L2J за светлина израчена од дадена површина
Светлосна изложеност Hv лукс-секунда lxs L2TJ
Густина на светлосна енергија ωv лумен-секунда на кубен метар lmsm3 L3TJ
Светлосна делотворност η [б 2] лумен по ват lm/W M1L2T3J сооднос на светлосниот тек со зрачниот тек
Поврзано: SI · Фотометрија · Радиометрија
  1. Стандардизационите организации препорачуваат фотометриските величини да се бележат со наставката v (знач. „визуелна“) за да нема забуни со радиометриските и фотонските величини.
  2. 1 2 3 Се јавуваат и други симболи: W за светлосна енергија, P или F за светлосен тек, и ρ или K за светлосна делотворност.
  3. Системот SI препорачува употреба на „J“ како симбол на димензијата на светлосната јачина.