Свети Петар (градба)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Петар
Saint-Pierre
Основни податоци
МестоФирмини, Лоара, Франција
ПрипадностМоментално нема, дизајнирана како римокатоличка црква
Архитектонски опис
Архитект(и)Ле Корбизје, Жозе Убрери
Архитектонски типЦрква (првичен план)
Поставен темел1973
Завршен2006
Особености
МатеријалиБетон

Свети Петар (француски: Saint-Pierre) ― бетонска градба во комуната Фирмини, Франција. Последното големо дело на Ле Корбизје, било започнато во 1973 година и завршено во 2006 година, четириесет и една година по неговата смрт.

Историја[уреди | уреди извор]

Дизајнирана да биде црква во примерот на град - Фирмини Верт, изградбата на Свети Петар започнала во 1971 година, шест години по смртта на Ле Корбизје во 1965 година. Поради месните политички судири, таа била во застој од 1975 до 2003 година, кога месната власт ја прогласила урнатината на калапен бетон за „архитектонско наследство“ и го финансирала нејзиното завршување. Градбата била довршена од францускиот архитект Жозе Убрери, долгогодишен ученик на Ле Корбизје.[1]

Користена е за многу различни намени, како средно училиште и како засолниште. Бидејќи секуларната француска држава можеби нема да користи јавни средства за верски градби, Свети Петар сега е користена како културно здание.

Влијание врз архитектурата[уреди | уреди извор]

Во Светското истражување за архитектура од 2010 година, на списанието <i>Vanity Fair</i>, зградата била рангирана како втора во рангирањето на врвните структури изградени во дваесет и првиот век, добивајќи четири гласа. Деконструкцискиот архитект од Соединетите Држави, Питер Ајзенман во својот одговор тврдел дека оваа градба е најважната градба изградена по 1980 година.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Morris, Mark (2006). Architecture and the Miniature. Wiley Academy. стр. 54. ISBN 978 0 470 01592 6.
  2. Tyrnauer, Matt, Architecture in the Age of Gehry, Vanity Fair, Number 600, August, 2010, p.156-167

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

45°23′01″N 4°17′11″E / 45.38356° СГШ; 4.28634° ИГД / 45.38356; 4.28634