Прејди на содржината

Светилиште на Пресвета Богородица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Светилиште на Пресвета Богородица
Sanktuarium maryjne w Ludźmierzu
Основни податоци
МестоЛуџмјеш, Полска
Статусактивна

Светилиште на Пресвета Богородица (полски: Sanktuarium maryjne w Ludźmierzu) — црква која се наоѓа во Луџмјеш, Полска. Луџмјешката парохија е една од најстарите парохии во Подхале. Својата историја ја започнува во 13 век. Во 1234 година од страна на Теодор Грифита била изградена дрвена црква, веднаш по добивањето на дозвола од страна на епископијата во Краков. Објектот во 1796 година бил изгорен, пред сè поради постојаните напади од страна на Татарите. Во текот на 19 век, црквата била реновирана целосно, и била изградена црква во неоготски стил. Во 1997 година црквата била посетена од папата Јован Павле II.

Наводи[уреди | уреди извор]