Саша Николовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Саша Николовски - Ѓумар)
Прејди на: содржини, барај
Роден 1966
Битола, СР Македонија СР Македонија
Починал 14 јануари 2017
Скопје, Македонија Македонија
Занимање диригент и професор


Саша Николовски - Ѓумар (Битола, 1966 - Скопје, 14 јануари 2017) — македонски диригент и универзитетски професор..

Биографија[уреди | уреди извор]

Ѓумар е роден 1966 година во Битола. Дипломирал на ФМУ на отсекот за музичка теорија и педагогија и на отсекот за композиција и диригирање кај проф. Фимчо Муратовски. Во 1996 година специјализирал на конзерваториумот „Николај Римски-Корсаков" во Санкт Петербург кај еминентните педагози Илија Мусин и Николај Кукушин. Во 1999 година ги завршил постдипломските студии на музичката академија „Панчо Владигеров" во Софија кај проф. Васил Казанџиев. Од 1998 на Факултетот за музичка уметност предавал хорско и оркестарско диригирање, Оперско студио и група предмети од областа на диригирањето. Настапуваше во Унгарија, Романија, Бугарија, Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Починал ненадејно од срцев удар во Скопје на 14 јануари 2017 година.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

На 8 ноември 2014 година, Саша Николовски-Ѓумар го предводел Словенечкиот симфониски оркестар на концертот на кој била изведувана музика од југословенски филмови и тв-серии, одржан во „Галусова дворана“ во „Цанкарјев дом“ во Љубљана.[2] За неговата работа со ансамблот за современа музика „Св. Софија“, во 2001 година е добитник на наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на фестивалот „Денови на македонска музика“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Почина диригентот Саша Николовски-Ѓумар
  2. „Ѓумар ќе диригира музика од југословенските филмови“, Дневник, година XVIII, број 5612, сабота-недела, 8-9 ноември 2014, стр. 18.