Самоанска тала
Изглед
Самоанска тала | |
---|---|
Samoa tālā | |
ISO 4217 | |
Код | WST |
Составници | |
Подединица | |
1/100 | сене |
Симбол | WS$ (понекогаш SAT, ST или T) |
Банкноти | 2, 5, 10, 20, 50, 100 тали |
Монети | 5, 10, 20, 50 сене, 1 тала[1] |
Демографија | |
Корисник/ци | Самоа |
Издавач | |
Централна банка | Централна Банка на Самоа |
Мреж. место | www.cbs.gov.ws |
Вредност | |
Инфлација | 6% |
Извор | The World Factbook, 2007 |
Тала (самоански: tālā) (ISO 4217: WST, бројчен код: 882) е официјална валута во Самоа, која е поделена на 100 сени (sene). Зборот тала е самоански превод за зборот долар, додека сене е самоански превод за зборот цент.
Талата како официјална валута била воведена во 1967 година, по независноста од Нов Зеланд во 1962. До тогаш, земјата користела Западносамоанска фунта. Талата ја заменила фунтата во соодност од 2 тали за една фунта.
Симболот WS$ сè уште се користи за талата,[2] иако го претставува поранешното име на државата. Западна Самоа (Western Samoa). Така, симболите SAT,[3] ST[4] и T[5] се користат исто така. Талата ја издава Централната Банка на Самоа.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Central bankwebsite on currency issue, Accessed 2008-12-02“. Архивирано од изворникот на 2012-10-29. Посетено на 2011-05-26.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-12-11. Посетено на 2011-05-26.
- ↑ Samoa Realty Ltd - Lands For Sale
- ↑ Samoa Travel Guide: Overview - Lonely Planet WorldGuide
- ↑ „Currencies of the World“. Архивирано од изворникот на 2011-11-29. Посетено на 2011-05-26.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Самоанска тала Архивирано на 25 ноември 2010 г.