Саве Миронски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Саве Миронски.jpg
Роден 1921
Скопје, Држави на Словенците, Хрватите и Србите СХС
Починал 16 септември 2013
Скопје, Македонија Македонија
Занимање здравствен работник

Саве Миронски (Скопје, 1921 - Скопје, 16 септември 2013) — македонски здравствен работник, врвен стручњак по интерна и инфективна медицина во балканскиот регион. Тој е еден од основоположниците на Медицинскиот факултет во Скопје, поранешен декан и основоположник и директор на Инфективната клиника.[1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Миронски е роден во 1921 година во Скопје. Студирал медицина во Софија до 1942 година, па потоа се вратил во Скопје и дипломирал на Медицинскиот факултет во Белград. Бил учесник во НОБ од 1944 година, како санитетски референт во составот на Четиринаесеттата македонска младинска ударна бригада.[1]

Миронски бил еден од основачите на Катедрата по интерна и инфективна медицина, откако работел како еден од првите шефови на Катедрата по ендокринологија. На местото директор на Клиниката за инфектологија останал 26 години, сè до неговото пензионирање во 1986 година.[3] Починал во Скопје на 16 септември 2013 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Саве Миронски бил еден мандатен период декан на Медицинскиот факултет во Скопје, од 1976 до 1978 година, бил член на Републичкиот одбор на синдикатите од општествени дејности на Македонија, член на Републичкиот комитет за здравство и социјална политика на СРМ, претседател на Комисијата за карантински болести, претседател на Здружението на инфектолози на Југолсавија, како и претседател на Аероклубот „Јуриј Гагарин“ од Скопје и на Воздухопловниот сојуз на СРМ.[1]

Автор е на бројни научни трудови, а за својата работа добил бројни награди и признанија, меѓу кои: Орден на заслуги за народот со сребрени зраци и Орден на трудот со златен венец.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. ​69-72
  2. Почина проф. д-р Саве Миронски
  3. ЈЗУ "Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби" Скопје - стручен кадар