Прејди на содржината

СУ „Лазар Танев“ - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија

СУГС „Лазар Танев“

Место
Општина: Центар
Место: Скопје
Адреса: Ул. Илија Бојаџиев бр.3
Основни информации
Основано: 1949; пред 76 години (1949)
Директор: Небојша Вуковиќ
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал www.lazartanev.edu.mk
тел. +389 2 3085 035
факс +389 2 3085 036

СУГС „Лазар Танев“ (целосно име: Средно училиште на Град Скопје „Лазар Танев“) — средно училиште во Скопје, Општина Центар[1]. Училиштето е именувано по првиот градоначалник на Град Скопје по државотворноста на Македонија, Лазар Танев.

Основање и развој

[уреди | уреди извор]

Училиштето е основано во 1949 година со решение на Владата на НРМ по предлог на Комитетот за угостителство и туризам. При формирањето се мислело училиштето да квалификува квалификуван кадар за угостителство од сите профили: келнери, готвачи и слаткари. Бројот на учениците во првите години бил мал, а со зголемувањето на потребите од угостителски кадар се зголемувал и бројот на учениците.Една учебна година училиштето работело во Охрид, потоа во Битола, а од 1950/51 во Скопје на ул. Огњан Прица бр. 5.

Од октомври 1986 година центарот се префрлил во адаптираните простории на поранешното основно училиште „Владо Тасевски“, каде што и денес се наоѓа.

На 28.03.2006 година настанува промена на името на училиштето (Средно училиште на Град Скопје „Лазар Танев“) и истото преминува во надлежност на Град Скопје. Од учебната 2008/2009 година се отворила паралелка од хемиско-технолошката струка од образовниот профил пекар.[2]

Учество на натпревари

[уреди | уреди извор]

Освоени награди

[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште

[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште

[уреди | уреди извор]
  1. „Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-02-27. Посетено на 2022-01-15.
  2. „Историјат“. СУ „Лазар Танев“. Посетено на 17 декември 2021.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]