Руски крст (Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руски крст
Крст на Ростковски
Споменик на местото на убиството на Ростковски
Карта
Општи податоци
ГрадБитола
ЗемјаРепублика Македонија
Завршена1936/2003
Урната1948
СопственикОпштина Битола

Руски крст или Крст на Ростковски — споменик во градот Битола.[1]

Споменикот е поставен на местото на убиството на Александар Ростковски (1860 - 1903), руски конзул во Битола, убиен од османлиски стражар за време на Илинденското востание во август 1903 година.[1]

Во 1913 година кога Битола му припаднала на Кралството Србија, на местото убиството бил изграден мал споменик. Во 1936 година, властите во Кралството Југославија подигнале голем споменик во форма на руски крст.[1] Во телеграмата за поставувањето на споменикот се вели дека тоа е „израз на благодарност до рускиот народ за вековното покровителство на Србите и христијаните воопшто и во чест на рускиот маченик Ростковски, поранешен конзул овде, кој беше убиен за поддршка ослободувањето на оваа земја“.

Споменикот бил уништен од властите на комунистичка Југославија по раздорот меѓу Тито и Сталин во 1948 година. На 8 август 2003 година, по повод 100-годишнината од смртта на Ростковски, споменикот бил обновен во Република Македонија,[1] во присуство на голем број руски претставници и гости.

На споменикот пишува:

Во чест и слава на рускиот императорски конзул Неговата Екселенција господинот Александар Аркадиевич Ростковски (1860-1903). По повод 100 годишнината од неговата смрт. 08. 03. 2003. Од граѓаните на Битола.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Руски крст во спомен на Александар Аркадиевич Ростковски“. Bitola.info. Посетено на 22 септември 2020 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)