Росхулт


Росхулт (швед. Råshult) е село близу Елмхулт во округот Крунуберг (покраина Смоланд), Шведска.
Во селото е роден прочуениот ботаничар Карл Линеј (1707-1778), каде татко му, Нилс Лине, бил капелин во локалната црква[1]. Лине е роден во куќата што стоела на местото на постоечката куќа, која е изградена некаде помеѓу 1751 и 1781 г.[2] Во 1933 објектот е вратен во неговиот изворен облик, по иницијатива на Линеевото историско друштво. Имотот е сместен во културен резерват што зафаќа 42 хектари.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Nationalencyklopedin, Linné, Carl von
- ↑ Предавање на Свен Росборн на Википедиината академија во Лунд, 13 номеври 2008
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Росхулт на Ризницата ?
- Росхулт - родно место на Карл Лине (шведски) (англиски) (дански) (германски)
Координати: 56°37′05″ N; 14°12′07″ E / 56.618° СГШ; 14.202° ИГД
![]() | Оваа географска статија за Шведска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |