Прејди на содржината

Розали Фугелберг

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија

Розали Ингеборг Каролина Фугелберг (29 декември 1841год. - 8 мај 1911 год.) е позната како прва жена стоматолог во Шведска, откако професијата била дозволена за жени.

Таа била ќерка на стоматологот на Кралскиот двор на Шведска, и асистент на нејзиниот татко. Во 1861 година, стоматолошката професија била легално дозволена за жени. Фугелберг двапати пробала да се здобие со сертификат за стоматолог; вториот пат, тој бил одобрен од страна на медицинските испитувачи, но не и од претставник на стоматолошката дејност. За време на нејзиниот трет обид во 1866 година, испитувањето било под надзор на печатот. Колегиумот Медикум повторно ја одбил, но добила кралска диспензација од страна на монархот, Карл XV од Шведска. Со тоа, таа станала првата жена стоматолог откако професијата била дозволена за жени: Амалија Асур претходно добила лиценца, но и била доделена посебна дозвола, пред професијата да биде официјално дозволена за жени. Фугелберг била личен стоматолог на кралицата, Луиза од Холандија од 1867 до 1871 година, а подоцна работела во Стокхолм (1867–79) и Востергетланд (1883–1893). Таа се омажила за морскиот капетан и мисионер Торел и емигрирала во Александрија во Египет.

Погледни и

[уреди | уреди извор]
  • Österberg, Carin et al., Svenska kvinnor: föregångare, nyskapare (Шведски жени: претходници, наследници) Lund: Signum 1990. (ISBN 91-87896-03-6 ) (шведски)
  • Кјеландер Барбро: "På Amalia Assurs tid. Några anteckningar om och kring den första svenska kvinnliga tandläkaren" (Деновите на Амалија Асур. Некои белешки за и во врска со првата жена стоматолог во Шведска)