Прејди на содржината

Амалија Асур

Од Википедија — слободната енциклопедија

Амалија Асур (8 јуни 1803 год. - 1889 г.) била првата жена стоматолог во Шведска.

Амалија Асур е родена во Стокхолм како ќерка на еврејскиот стоматолог Џоел Асур (1753-1837), стоматологот на кралското семејство, кој го нарекувале еден од првите образовани стоматолози во Шведска и Естер Мојсеј Хајлбут. Нејзиниот брат Џејмс Асур исто така станал стоматолог. Амалија Асур никогаш не се омажила и останала мамсел. Таа учела стоматологија од нејзиниот татко и рано почнала да работи како негов асистент.

Како помошник-стоматолог, нејзината позиција била неформална, а Асур евентуално била пријавена кај властите за работење без лиценца. Во 1852 година, таа добила посебена диспензација од Кралскиот одбор за здравство (Kongl. Sundhetskollegiet) самостојно да работи како стоматолог. Дозволата претставувала лична диспензација, бидејќи професијата стоматологија била формално забранета за жени, и затоа таа повеќе била само посебен исклучок отколку пионер за другите жени, бидејќи професијата сè уште била забранета за жените. Таа работела во Стокхолм.

Во 1861 година, професијата стоматологија била официјално дозволена за жени. Првата жена на која и било дозволено да работи откако професијата стоматологија била дозволена за жени била Розали Фугелберг.

Погледни и

[уреди | уреди извор]