Родољуб Анастасов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 25 февруари 1935
Скопје, Држави на Словенците, Хрватите и Србите СХС
Занимање сликар и професор


Родољуб Анастасов (Скопје, 25 февруари 1935) е македонски сликар, еден од најважните во современата македонска уметност.[1][2] Во 2009 година, Американскиот биографски институт го вброил Анастасов меѓу 500 најголеми генијалци во светот во 21 век.[3][4]

Биографија[уреди | уреди извор]

Анастасов е роден во Скопје на 25 февруари 1935 година.Татко му Славко бил трговец кој потекнува од скопската фамилија Анастасови а неговата мајка Ефтимија – Ефка Серафимова потекнува од тетовската трговска фамилија Серафимови. Во 1962 година дипломирал на Уметничката академија во Белград. Од 1963 до 1965 година бил на робија на Голи Оток.[5]

По враќањето во Скопје почнал да работи на полето на нефигуративната уметност. Од 1980 година до пензионирањето бил професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во 2011 година, Анастасов на Музејот на град Скопје му подарил колекција од вкупно 389 ликовни дела.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Veličkovski, Vladimir (1995) (на англиски). Rodoljub Anastasov. Skopje: Tabernakul. ISBN 9989647062. 
  2. 15 SODOBNIH MAKEDONSKIH LIKOVNIH UMETNIKOV, MODERNA GALERIJA, LJUBLJANA, SLOVENIJA, 02.10.1979 - 18.10.1979
  3. C. Mitchell (2009) (на англиски). Great minds of the 21st century. American Biographical Institute. ISBN 9780015459222. 
  4. „Родољуб Анастасов меѓу најголемите генијалци во 21 век“. Премин. конс. 2012-02-16. 
  5. „Голи Оток беше далеку од умот“, „Утрински Весник“
  6. Родољуб Анастасов и' подари 400 дела на Македонија“, Дневник, 28 јуни (посет. 16 февруари 2012 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]