Резовска Река
| Резовска Река | |
|---|---|
![]() | |
| Местоположба | |
| Физички особености | |
| Устие | Црно Море, бугарско-турска граница 41°58′59″N 28°1′46″E / 41.98306°N 28.02944°E |
| Должина | 112 км |
| Особености на сливот | |
Резовска Река, Резова Река, Резваја (бугарски: Резовска река, Резова река, Резвая) или Мутлудере турски: Mutludere) — река на крајниот југоисток на Бугарија и најсеверниот дел на (европска) Турција. Тече низ бугарскиот природен парк „Странџа“.
Реката е долга 112 км и извира на турската страна на масивот Странџа под името „Паспалдереси“ (Paspalderesi). Тече на исток, го одминува селото Паспалово и доаѓа меѓу двете земи, исцртувајќи ја државната граница[1] сè до вливот во Црното Море кај селото Резово, Општина Царево. Ова е најјужната точка на бугарскиот црноморски брег и најсеверната точка на турска страна, како и најјугоисточната точка на Бугарија[2]. Долга е 112 км, и по речиси целото течение ја исцртува границата меѓу Бугарија и Турција и најсеверната на Источна Тракија. Сливното подрачје на Резовска Река опфаќа 738 км2, од кои 555 км2 ѝ припаѓаат на Турција. Најдолга притока е Велика.
Спор
[уреди | уреди извор]Границата кај устието на реката била предмет на помал територијален спор помеѓу двете земји кој е разрешен во 1992 г. (ратификуван од Бугарија во 1998 г.). Согласно постигнатата спогодба, Бугарија добила неколку квадратни километри земја на Резовскиот Залив, а за возврат на Турција ѝ припаднала извесна водна површина во континенталниот праг.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]- Границата на вливот
- Поглед на турската страна
- Друг поглед на границата пред уредувањето на турскиот дел
Наводи
[уреди | уреди извор]| „Резовска Река“ на Ризницата ? |
