Разговор:Часовник

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Најпрво сакам да ве прашам и да разграничиме дали е правилно часовник или саат. Очигледно е дека сите мислиме дека е часовник, но во многу речници, како и на телевизија се споменува саат. Дали можеби саат е синоним. Добро следно кога ја преведував статијава наидов на зборот Horology, што во речник е преведено како Часовничарство, поради што и така и го ставив, но подоцна пред да ја зачувам статијава, забележав дека имаме категорија под името Хорологија. Е сега што е поправилно или и двете се синоними. И луѓето кои се занимаваат со оваа наука се Хорологисти, Хоролози, Часовничари или..? Потоа човекот што ги произведува часовниците е - саатчија или часовничар? Наидов и на поимот timepiece, за кој мора да имаме еквивалент, но бидејќи не најдов соодветен еквивалент ја избришав таа реченица, но подоцна наидов на статијава - Хронограф, во која забележав дека таму истиот термин е преведен како времемерач? Дали се мисли на истото. Потоа англиското watch кај нас не би имало посебен збор, и затоа ми се превело како џебен/рачен часовник или можеби грешам? И за крај како би го превеле Striking clock? Отчукувачки часовник, можеби?

Можеби ќе речете дека претерувам со преводов и дека треба сам да импровизирам нешто за да ја средам статијава, но јас веќе тоа го направив, но навистина мислам дека не сме доволно воведени во нашиот јазик и дека возможно да постојат некои поими поврзани со часовниците (во случајов) за кои не знаеме а можат навистина да ни помогнат), а за дискутирање на тие поими од ова место нема подобро. Ве молам за мислење! --Макс(разговор) 11:17, 13 јуни 2009 (UTC)

Часовник е уредот за мерење време - џебен, ѕиден, рачен часовник. Саат е израз за часовник, но не се смета за правилна таа употреба, бидејќи саат е исто што и час. На пример: Колку е саат? п.с. од хорологија се изведува зборот хоролози. збор како времемерач не користиме...--Виолетова (разговор) 11:23, 13 јуни 2009 (UTC)
Саат е турски збор (saat), а од него е изведен зборот саатчија (saatçi). Значи, во македононскиот јазик, зборовите „саат“ и „саатчија“ се класифицирани во групата на турцизми, како што е и зборовите „азно“ (богатство), „кујунџија“ (златар), „ептен“ (многу) и др. Сите овие зборови имаат соодветни македонски синоними и е добро да се употребуваат, бидејќи во македонскиот јазик е потребно да преовладуваат македонски зборови, а не интернационализми. Сепак, постојат, некои турцизми за кои нема соодветни македонски зборови, но главно се однесуваат на соодветни турски производи или се дел од турската традиција, која и денес се негува во Македонија. Сепак, турцизмите имаат големо значење, пред сè за историјата на македнскиот јазик и за неговите наречја.
Добро е кога веќе имаме македонски збор „час“, да го употребуваме наместо „саат“. А, за хорологија, мислам дека Виолетова е целосно во право. Станува збор за латинизам, кој буквално би се превел како „мерење на времето“, што не е исто со „часовничарство“.За да не дојде, до забуна, мислам дека добро е да си остане хорологија.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:36, 13 јуни 2009 (UTC)
Ок Готово Мислам дека проблемот е решен! Благодарам на одговорите. Одлично објаснето, многу многу добро објаснет ;). Значи готово разграничивме со поимите! Ќе ги применам договорените поими! --Макс(разговор) 20:31, 13 јуни 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Промена на зборови од типот оддржу... во одржу..., само со едно д, синтаксна грешка.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 22:18, 28 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 23:18, 3 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]