Хронограф

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Руски часовник Пољот „Авиатор“ со хронографски механизам P3133

Хронограф е времемерач или часовник со времемерни и штоперски функции. Почнале да се изработуваат во раниот XVIII век, но не уживале популарност сѐ до 1820-тите.[1]

Видови[уреди]

Постојат неколку видови на хронографи.[1][2]

  • Аналогни хронографи и времемерната и штоперската функција е прикажана со сказалки. Обично централната сказалка е штоперица, додека помалите сказалки може да бидат секунди, минути или часови на штоперицата и (на некои кварцни хронографи) десеттинки или стотинки секунди.
  • Дигитални хронографи имаат дигитален приказник за обете функции, или со посебни екранчиња или со менување на приказот на едно исто екранче.
  • Аналогно-дигитални хронографи имаат стандарден аналоген часовник со трајни секунди во центарот и посебен дигитален дисплеј кој обично функционира независно од аналогниот дел. Повлекување на копчето го ресетира часовникот на нула, па продолжува да работи додека се држи копчето за ресетирање додека работи штоперицата. За разлика од ова највеќето механички хронографи ресетираат на нула само ако се запре штоперицата.

Белешки[уреди]

  1. 1,0 1,1 „A Brief History of the Automatic Chronograph“. http://www.ozdoba.net/swisswatch/autochrono.html. конс. 2 јануари 2007. 
  2. „History of the Chronograph Watch“. http://www.topoftheline.com/hiofchwa.html. конс. 2 јануари 2007. 

Надворешни врски[уреди]