Прејди на содржината

Разговор:Грб на Македонија

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Како може да се тврди дека нема грб, кога всушност има? Секаде како грб на РМ се спомнува овој, без разлика на петокраката што асоцира на социјализам. Boyan 01:52, 29 Јануари 2006 (UTC)

Тоа е грбот на РМ. Единствени можни причини зошто да се тврди дека Република Македонија нема грб се:

  1. Пристрасност (идеолошка или естетска одбивност кон грбот)
  2. Непостоење на официјален закон за грб на РМ

Мислам дека ова е уставен и законски, официјален грб на РМ (ако грешам, нека ме поправи некој познавач на состојбите). --FlavrSavr 02:57, 29 Јануари 2006 (UTC)

Повеќе сум загрижен последната реченица - ние не треба, ниту смееме да копираме текстови од други сајтови надвор од Википедија (освен во форма на цитати и со некои исклучоци како на пример сајтови во јавен домен). Е сега, го разгледав сајтот и не видов директно копирање од него, па оттаму ќе ја тргнам само последната реченица. --FlavrSavr 02:57, 29 Јануари 2006 (UTC)

Нормално е дека овај грб асоцира на саветскиот. Нали "тејкото на народите" Сталин е тејко и на "македонската нација"! --Vladko 16:28, 23 Март 2006 (UTC)

Владко, хумор на друго место, Википедија е егзактна... Boyan 18:22, 23 Март 2006 (UTC)

Проблемот со „грбот“ на НР Македонија е тоа што тој не е грб по дефиниција. Точно е тоа дека законот го нарекува грб, но тоа не е доволно. Грб по дефиниција е ознака за идентификација направена според хералдиката, а тој воопшто не е. Значи можеме да зборуваме за лого, амблем, печат итн, но во никој случај не за грб.

brest-bot проверка на правопис

[уреди извор]
  • честопати наместо често пати.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 21:11, 25 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

Нов грб

[уреди извор]

Предлогот на Владата на Република Македонија уште не е верификуван од Собранието. Исто така уште не е решено дали ке има некој знак на местото на петокраката, дали ке се спојуваат и како жолтите линии. И за тоа предлагам да не ја менуваме досегашната фотографија од Грбот на РМ се додека официално не биде соопштена преку медиумите, бидејќи со изменување на Грбот преку Фотошоп и поставување на Wikipedia шириме сано не точни информации. Да им оставиме на научниците и хералдичарите да ја завршат нивната работа во врска со ова.

Предлогот не е ратификуван но дизајнот е објавен. Види тука. --Никола Стоіаноски 17:23, 18 септември 2009 (UTC)

Мислам дека е добро да се подигне слика без петокраката и да се внесат промените во статијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:15, 17 септември 2009 (UTC)

Даj прво да jа гласат промената, да се види новиот грб, па после а? --Стан (разговор) 17:28, 17 септември 2009 (UTC)
Денес, во Собранието на РМ беше изгласано да се отстрани петокраката во горниот дел од грбот, но на нејзино место нема да има нов симбол.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:44, 17 септември 2009 (UTC)
Колку што знам даден е само предлог од владата, а Собранието за ова треба да потврди и гласа за неколку дена.--Р ашо 21:24, 17 септември 2009 (UTC)
Тоа е готова работа. Еве потврда.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:28, 17 септември 2009 (UTC)
Црвената петокраката од државниот Грб на Република Македонија ќе биде отстранета. Владата, според информациите, предлогот го усвоила на синоќешната седница, па се очекува тој веќе наредните денови да се најде и пред пратениците. Тие имаат мнозинство и ќе го усвојат, но сепак се чека официјално.--Р ашо 21:39, 17 септември 2009 (UTC)
Претпоставувам дека нема да се случи нешто непредвидено. Мислам дека предлогот веќе го има на Интернет, но не знам каде. Добро е да го побараме и подигнеме и веднаш да ги направиме промените. А, не да чекаме со месеци, како за други работи.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:48, 17 септември 2009 (UTC)
Грбот јас го сменив во свг верзија но не ми е подигнат зошто чекам на конечниот дизајн. Кога ќе го објавата ќе биде сменет. Поз--Никола Стоіаноски 10:34, 18 септември 2009 (UTC)
Дизајнот на новиот грб е објавен и се знае каков е. Штом е готов грбот зошто да не го ставиме а доколку има некои додатни измени ќе ги направиме. Ништо страшно. Поз --Никола Стоіаноски 17:16, 18 септември 2009 (UTC)
Ова се вика на нероден Петко, капа му се крои. Се знае каква е процедурата. Прво да помине во Собрание, па во Службн Весник, и од тогаш ќе имаме нов грб. Колку ова да е сигурно или незнам што, сепак си има процедура. Сеуште ова не е нашиот грб. Грбот ќе биде наш кога сите ќе прочитаме во Службен весник. Позз--Р ашо 17:20, 18 септември 2009 (UTC)

статија на утрински за грбот

[уреди извор]

Ова е од весникот неделава: http://utrinski.com.mk/?ItemID=B198375127D33642AF13F3CD3212E5BD

Содржината на статијата е многу слична со текстот овде. Може не е лошо да се наведе во референци дека информациите се од писателот Јован Павловски - неговата книга „Време минато, време сегашно“. Новица (разговор) 15:34, 25 септември 2009 (UTC)

Има наведено референца за книгата „Грбови на Македонија“ од каде е и преземен текстот.--Никола Стоіаноски 15:45, 25 септември 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис

[уреди извор]

создава наместо креира, непотребен интернационализам. создадените наместо креираните, непотребен интернационализам. Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 10:05, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

brest-bot проверка на правопис

[уреди извор]
  • Податотека наместо File, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 12:16, 7 август 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

Најновииот предлог на владата за грб на РМ 2014

[уреди извор]

Како да го ставам емблазонот ( сликата) на предлогот за грб на РМ? се обидфов за првпат да качам поддатотека ама нешто не беше како што треба.Jonovski (разговор)