Протести во Косово (1981)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Протести во Косово
2 April 1981 memorial, Pristina.JPG
Меморијален споменик на загинатите
Датум 11 март — 3 апррил 1981
Место САП Косово
Исход демонстрациите биле задушени од страна на ЈНА
Завојувани страни
 Социјалистичка Федеративна Република Југославија
Logo of the JNA.svg ЈНА
Flag of SFR Yugoslav Albanian Minority.svg Косовски Албанци
Команданти и водачи
 Социјалистичка Федеративна Република Југославија Бранко Мамула
Рахман Морина
Flag of SFR Yugoslav Albanian Minority.svg Аслан Пирева †
Жртви и загуби
4 убиени 7 убиени, 4.200 уапсени

Протестите во Косово — серија од протести кои се случиле во периодот од март и април 1981 година од страна на студентите во Приштина, главниот град на Социјалистичка Автономна Покраина Косово. Студентите кои по етничка основа биле Косовски Албанци, барале поголема автономија во рамките на СФРЈ. Претседателството на Југославија прогласило вонредна состојба во Приштина и во Косовска Митровица, што довело до немири. Немирите биле потиснати од големата полициска интервенција што предизвикала бројни жртви, а потоа следел и период на политичка репресија.

Позадина[уреди | уреди извор]

Универзитет во Приштина претставувал почетна точка на Студентските протести на Косово во 1981 година. Културната изолација на Косово во рамките на Југославија и неговата ендемична сиромаштија резултирале да во провинцијата има најголем сооднос на учениците и неписмени во Југославија. Универзитетското образование за нив не претставувало гаранција за успешна иднина. Студентите сакале да студираат за да можат да се стекнат со техничка кариера, особено да ја проучуваат албанологијата, но од друга страна населението тешко можело да најде работа во локалните културни институции, особено надвор од Косово[1]. Ова создало голем број на невработени, но кај високо образованите Албанци се појавило националистичко расположение[2]. Демонстрациите биле организирани од страна на неколку професори и студенти: Бесим Баралиу, Фехми Ладровц. До 1981 година, универзитетот во Приштина имал 20.000 ученици - еден од десет од вкупното население во градот[2].

Студентски протести[уреди | уреди извор]

Демонстрациите започнале на 11 март 1981 година, првично како спонтан мал протест за подобра храна во училишната кафеана и подобрени услови за живеење во студентските домови. Уморни од тоа да се чека со часови, за слаба храна, учениците почнале да демонстрираат под команда на Бесим Баралиу, која подоцна бил уапсен[2]. Две до четири илјади демонстранти биле расчинети од полицијата, со околу сто апсења[2][3].

Студентите протести продолжиле две недели подоцна на 26 март 1981 година, додека неколку илјади демонстранти извикувале националистички слогани, а полицијата употребила сила да ги растера, при што биле повредени 32 лица[4].

Додека полицијата негативно реагирала на согледаното зголемување на национализмот кај демонстрантите, биле спроведени уште повеќе апсења, што пак предизвикало поголем број на протести. На 30 март, учениците од трите најголеми факултети на универзитетот прогласиле бојкот, стравувајќи од враќање на Ранковизмот[4].

Ескалација[уреди | уреди извор]

На 1 април демонстрациите се прошириле низ Косово, а 17 полицајци биле повредени во судирите со демонстрантите, не успевајќи да ги растерат демонстрантите[4]. Армијата се придвижила за да ги обезбеди државните институции, а Махмут Бакали наскоро ги повикал да испратат тенкови на улиците[4].

За неколку дена, протестите започнале своите повици да ги упатуваат кон властите поради незадоволство од третманот на етничкото албанско население од страна на српското мнозинство. Демонстрантите барале Косово да биде признаен како република во рамките на СФРЈ, наспроти нејзиниот тогашен статус како провинција на Србија[3][5].

Властите ги обвиниле демонстрантите за националистички радикализам - во мај 1981 година Политика соопштила дека целта на протестите била Република Косово да стане одвоена од Југославија и да се приклучи кон Албанија[6]. Властите вовеле забрана за странско известување, а локалното известување, за разлика од време на протестите во 1968 година во Косово, било ставено под контрола на властите[7]. Некои од официјалните изјави биле нејасни, зборувајќи за „внатрешни и надворешни непријатели“, кои предизвикувале различни теории за заговор што го поттикнаа националистичкото чувство во Југославија[8]. Една од теориите за заговор била промовирана од Азем Власи, кој подоцна јавно разговарал за наводната вмешаност на албанската безбедносна служба Сигурими во протестите[9].

Барањето Косово да стане седма република на Југославија било политички неприфатливо за Србија и за Социјалистичка Република Македонија. Некои Срби (а можеби и некои албански националисти) ги сметале барањата како увертира за Голема Албанија, која би можела да опфати делови од Црна Гора, Македонија и Косово.

Во близина на Подуево се случил ќор-сокак на настаните, каде што полициските засилувања што доаѓале од централна Србија биле стопирани од страна на албанските демонстранти кои ги зимале локалните Срби и Црногорци како заложници[10].

Вонредна состојба[уреди | уреди извор]

Раководството на Сојузот на комунистите на Југославија ги гледало противењето на демонстрантите на самоуправувањето и на нивниот национализам како сериозна закана и одлучило да го заврши проблемот со сите расположливи средства[3].

На 2 април 1981 година, Претседателството на Југославија на чело со Цвијетин Мијатовиќ прогласило вонредна состојба во Приштина и Косовска Митровица, која траела една недела[11][12]. Претседателството ги испратило специјалните сили да ги сопрат демонстрациите[11].

Сојузната влада испратила до 30.000 војници во покраината. Избувнале немири и југословенските власти биле принудени да употребат сила против демонстрантите. На 3 април, последните демонстрации се случија во Вучитрн, Урошевац, Витина и Косовска Митровица, и наскоро биле потиснати од дополнителното распоредување на полицијата[10].

Кон крајот на април, Њујорк тајмс објавил дека девет лица загинале, а повеќе од педесет биле повредени[13]. Во јули, Њујорк тајмс објавил дека повеќе од 250 биле повредени[14].

Последици[уреди | уреди извор]

Косовската Комунистичка партија доживеала чистки, со неколку клучни фигури, вклучувајќи го и нејзиниот претседател. Вели Дева го заменич Бакали[15].

По демонстрациите, факултетот и студентите на Универзитетот во Приштина биле исчистени од оние кои се сметале за сепаратисти. 226 студенти и работници биле судени, и осудени на петнаесет години затвор. Многу Албанци биле исклучени од официјални позиции, вклучувајќи го и претседателот на универзитетот и двајца ректори. Тие биле заменети со тврдокорниците на Комунистичката партија. Исто така, на универзитетот било забрането да користи учебници увезени од Албанија. Од тогаш, на универзитетот му било дозволено да користи книги преведени од српскохрватски. Демонстрациите, исто така, создале растечка тенденција кај српските политичари да бараат централизација, единство на српските земји, намалување на културниот плурализам за Албанците и зголемување на заштитата и промовирањето на српската култура[16]. Универзитетот бил обелоденет од страна на српското комунистичко раководство како „тврдина на национализмот[17].

Претседателството не ја укинало автономијата на покраината, како што барале некои српски комунисти. Лигата на комунистите на Косово ги прогласила немирите како националистички, а Србија реагирала со желба да се намали моќта на Албанците во провинцијата, како и пропагандна кампања во која се тврдело дека Србите се истеруваат од покраината првенствено од растечкото албанско население, наместо лошата состојба на економијата[18].

Во 1981 година, било објавено дека околу 4.000 Срби планирале да се преселат од Косово во Централна Србија по немирите во март, што резултирало со неколку српски смртни случаи и сквернавење на српската православна архитектура и гробишта. Националистичките формации биле растурени од страна на Југословенската полиција, која осудила 280 лица (800 со парична казна, 100 под истрага) и заплениле оружје и пропаганден материјал[19].

Демонстрациите во Косово го означиле почетокот на длабоката криза во Југославија, која подоцна се распаднала.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mertus 1999, стр. 28.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Mertus 1999, стр. 29.
  3. 3,0 3,1 3,2 Jović 2009, стр. 184.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Jović 2009, стр. 185.
  5. Pavlović, Momčilo (26 April 2013). „1981 demonstrations in Kosovo“. transconflict.com. конс. 2013-08-13. 
  6. Bulatović 1981, стр. 10.
  7. Mertus 1999, стр. 31.
  8. Mertus 1999, стр. 32.
  9. Mertus 1999, стр. 39.
  10. 10,0 10,1 Jović 2009, стр. 186.
  11. 11,0 11,1 Antić, Zdenko (17 March 1982). „Kosovo: One year after the riots“. Radio Free Europe/Radio Liberty Research Institute. Архивирано од изворникот на 28 July 2011. конс. 2013-08-14. 
  12. Pejić, Nenad (27 February 2008). „Raif Dizdarević: Velika prevara“ (Serbo-Croatian). Radio Free Europe. конс. 2013-08-14. 
  13. One Storm has Passed but Others are Gathering in Yugoslavia“, 19 април 1981 (посет. 14 август 2013 г).
  14. 6 More Yugoslavs Sentenced For Ethnic Rioting in Kosovo“, 30 јули 1981 (посет. 14 август 2013 г).
  15. Mertus 1999, стр. 42.
  16. Mertus 1999.
  17. Kostovicova 2005, стр. 44.
  18. Ramet 2010, стр. 361
  19. Paul Lendvai. „Police fail to crush resistance in Kosovo“, Financial Times, 5 февруари 1982.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]