Приказна за везировиот слон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Приказна за везировиот слон (српски: Priča o vezirovom slonu) — расказ на писателот Иво Андриќ од 1948 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

„Приказна за везировиот слон“, Рад, Белград, 1962.

Откако е сменет босанскиот везир, жителите на Травник упорно се обидуваат да дознаат нешто повеќе за новиот везир, Сеид Али Џелалудин паша. Тој е човек со сиромашно потекло, но кој брзо напредувал во хиерархијата благодарение на својата суровост. Тој е назначен за везир во Босна откако претходно крваво се пресметал со беговите во Битола. И навистина, веднаш по доаѓањето во Травник, везирот извршува масакр над беговите ширум Босна, по што се затвора во својот конак, уживајќи во својата збирка на хартија и моливи. Еднаш, везирот набавува млад слон којшто им прави ситни штети на луѓето во чаршијата. Поради тоа, жителите на Травник, кои живеат во постојан страв од везирот, својата омраза ја насочуваат кон слонот. На една од бројните ноќни седенки, ситните трговци се договараат да испратат делегација кај везирот, но планот пропаѓа, зашто сите бегаат од обврската. Така, еден од нив, Алјо, останува сам и тој ја измислува приказната дека божем самиот бил кај везирот, со молба да набави уште еден слон. Сепак, набргу жителите на градот му подметнуваат на слонот јаболко наполнето со мелено стакло и слонот се разболува. Низ градот се шири веста дека слонот умрел, но потоа се открива дека тој е жив. Пролетта, везирот е сменет од функцијата и тој извршува самоубиство, а потоа жителите на Травник го трујат слонот.[1]

Занимливости[уреди | уреди извор]

Во овој расказ Иво Андриќ ја спомнува Битолската чаршија и нејзината генијална урбанистичка целина, зборувајќи за неа како за најзначајната попатна станица по Стамбол.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Priča o vezirovom slonu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 3-45.
  2. „Стара чаршија - Битола“. Cineculture. Посетено на 1 мај 2022.