Предлошка:Portal:Macedonia/Featured article

Од Википедија — слободната енциклопедија

Република Македонија има богато културно наследство во сферата на уметноста, архитектурата, поезијата и музиката. Земјата има многу антички, заштитени религиозни наоѓалишта. Поетски, филмски и музички фестивали се одржуваат секоја година.

Македонските музички стилови се развиле под силно влијание на византиската црковна музика. Македонија им припаѓа на земјите со најдобро зачувани фрески, многу од кои датираат од периодот помеѓу 11-ти и 16-ти век. Постојат неколку илјади квадратни метри зачувани фрески, од кои најголемиот дел се во многу добра состојба и ги претставуваат ремек-делата на Македонската школа на црковно сликарство.

Во Македонија минатото се среќава со денешнината. Нејзината прастара архитектура во облик на манастири and цркви со инзвонредна убавина претставува интересен контраст со новата супермодерна архитектура. Речиси сите македонски манастири, изградени во различни периоди, а особено оние изградени помеѓу 11-тиот и 15-тиот-16-тиот век, денес се сосема зачувани. Македонската збирка на икони, особено охридската, е една од највредните збирки во светот денес. По Синајската и Московската збирка на икони, македонската збирка е трета по важност во рамките на православието. Од византолошки аспект пак, таа е уникатна.

Најважните културни настани во земјата се Охридско лето на класичната музика и драмата, Струшките вечери на поезијата кои ги привлекуваат поетите под повеќе од 50-тина земји ширум светот, Скопските Мајски оперски вечери, Меѓународниот филмски фестивал во Битола, Младиот отворен театар, Скопскиот џез фестивал и многу други.