Првобитен нуклид

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Првобитни нуклиди)

Во геохемијата и геонуклеарната физика, првобитни нуклиди или првобитни изотопи (наречени и примордијални) се нуклиди што ги среќаваме на планетата Земја кои постоеле во својата денешна форма и пред да биде оформена Земјата. Првобитните нуклиди се остатоци од древните експлозии супернова кои се случиле пред образувањето на Сончевиот Систем. Тие се долготрајна фракција од радионуклиди кои опстанале во првобитната сончева маглина преку насобирање на планетите сè до денес. Познати се само 289 вакви нуклиди. Сите познати 254 стабилни нуклиди се среќаваат како првобитни нуклиди, заедно со други 35 нуклиди кои имаат периоди на полураспаѓање доволно долги за да би опстанале од времето на образување на Земјата. Овие 35 првобитни радионуклиди претставуваат нуклиди од 28 различни елементи (кадмиум, неодиум и ураниум имаат по два првобитни радионуклиди, а телур и самариум по три).

Имајќи ја предвид староста на Земјата од околу 4,58 × 109 години (4,6 билиони години), ова практично значи дека периодите на полураспаѓање на дадените нуклиди мора да бидат поголеми од 5 × 107 години.