Праокеански јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Праокеанскиот јазик е реконструиран јазик, предок на сите денешни океански јазици. Овој јазик бил предложен како предок на денешните океански јазици, особено по делата објавени од Ото Демпволф. Праокеанскиот бил австронезиски јазик, и самиот тој потекнува од праавстронезискиот јазик, предок на сите австронезиски јазици. Праокранскиот се зборувал најверојатно пред 4200 години, на Бизмарковиот Архипелаг во Папуа Нова Гвинеја.

Фонологија[уреди | уреди извор]

Фонологијата на праокеанскиот јазик може да биде реконструирана со разумна сигурност.[1] Праокеанскиот имал 5 самогласки: *i, *e, *a, *o, *u, без должина на самогласки. Јазикот исто така имал 23 согласки:

лабиовеларни билабијални алвеоларни палатални веларни увуларни
експлозивни безвучни *pʷ *p *t *c *k *q
пренасализирани *ᵐbʷ *ᵐb *ⁿd *ᶮɟ *ᵑɡ
носни *mʷ *m *n
фрикативни *s
вевни рамни *r
пренасализирани *ⁿr
латерални *l
полусамогласки *w *j

Синтакса[уреди | уреди извор]

Голем број јазици од Нова Гвинеја, Вануату, Соломоните и Микронезија имаат зборовен редослед подмет-прирок-предмет. Редоследот подмет-предмет-прирок, или кој било редослед каде глаголот е на крај се смета за невообичаен за океанските јазици. Ваквите зборовни редоследи можат да се најдат во Нова Гвинеја и во некои делови на Соломоните. Ваквиот редослед е карактеристичен за папуанските јазици, и може тие влијаеле врз некои од австронезиските јазици. Не е познат редоследот на праокеанскиот јазик.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. See Ross, Pawley, Osmond (1998: 15).

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]