Потешкиот начин (филм од 1991)
Потешкиот начин (англиски: The Hard Way) е американски филм од 1991 во режија на Џон Бедхем, според сценариото на Лем Добс и Мајкл Козол. Главните улоги ги играат: Мајкл Ј. Фокс, Џејмс Вудс, Стивен Ланг и Анабела Шора.[1]
Приказна
[уреди | уреди извор]Детективот Џон Мос (го игра Вудс) е еден од најдобрите во Одделението за убиства при њујоршката полиција. Тој го решава случајот со серискиот убиец (го игра Ланг) кој убива по диско-клубовите и кој поради тоа е наречен „Расипувач на забави“ (Party Crasher). Во мигот на конечната пресметка со убиецот, за време на потерата по њујоршките улици, Мос паѓа од возилото и убиецот успева да избега. Поради тоа, шефот го сменува Мос од случајот, а тој доживува нервна криза кога ќе слушне дека негов соработник ќе биде славниот холивудски глумец Ник Ланг (го игра Фокс), кој се прославил со улогата на полицаецот Реј. Мос воопшто не е воодушевен од глумецот, но тој е воодушевен од Мос и постојано го имитира. Тоа уште повеќе го нервира детективот Мос, но тој не може никако да се ослободи од својот соработник, дури ниту кога тој ќе ја попречи потерата по серискиот убиец....[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „HRT (пристапено на 2.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-15. Посетено на 2017-12-11.
- ↑ „HRT (пристапено на 2.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-15. Посетено на 2017-12-11.