Портал:Шах/Избрано дело/2008

Од Википедија — слободната енциклопедија

Избрани статии во порталот:Шах се оние статии поврзани со шахот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Мојот систем — пшаховска книга, дело на Арон Нимцович. По серијата од 5 брошури, од 1925 до 1927, книгата започнала да се издава насекаде. Во ова дело се прикажани хипермодерни идеи и концепти, кои имале голема примена во развојот на современиот шах. Оригиналното издание на книгата е напишано на германски јазик. Прочитајте повеќе


ноември

Прашања за современата шаховска теорија — шаховска книга, дело на советскиот шахист, шаховски автор и теоретичар Исак Липницки. Книгата е напишна во 1956, а во неа е содржано објазнување на многу елементи од отворањето и нивното поврзување со средишницата од играта преку анализа на корисни партии одиграни во периодот дод првата половина на 20. век. Книгата е напишана на руски јазик и има 433 страници. Прочитајте повеќе


октомври

Романтизам во шаховската уметност — шаховска книга, дело на познатиот руски меѓународен мајстор и автор на шаховска литература Петар Романовски. Книгата е напишана во 1959 и во неа преку анализа на извадоци од партии и неколку шаховски проблеми се објаснети елементите во шаховскта борба. Книгата е напишана на руски јазик и има 85 страници. Прочитајте повеќе


септември
Корица на книгата
Корица на книгата

Проблеми на современата шаховска теорија — шаховска книга, дело на советскиот шаховски велемајстор Владимир Алторцев. Книгата е напишана во 1960 година и во неа врз основа на анализа и коментар на шаховски партии се разгледуваат шаховски позиции кои со своите проблеми наоѓаат место во современата шаховска теорија. Книгата е напишана на руски јазик и има 336 страници. Прочитајте повеќе


август

Средишница. Комбинација — шаховска книга, дел од творештвото на познатиот руски меѓународен мајстор и автор на шаховска литература Петар Романовски. Книгата е напишана во 1963 и во неа се коментирани и анализирани избрани шаховски партии од повеќе перидои од развојот на шаховската игра, како и извадоци од партии кои содржат поучни комбинации и техники на игра од среидшницата. Книгата е напишана на руски јазик и има 225 страници. Прочитајте повеќе


Архива на избрани дела
2010
Гетингенски ракописи · Ласкеров шаховски учебник · 300 избрани Алехинови партии · Модерни шаховски отворања · Libro de la Invención Liberal y Arte del Juego del Axedrez · Моите големи претходници · Handbuch des Schachspiels · 200 отворени партии · Здрав разум во шахот · Мојата шаховска кариера · Лекции за шаховската стратегија · Каиса и Вотан
2009
Шаховски самоучител · Како да се стане велемајстор · Метод на подготовка за натпреварувања · 100 партии · Моите 60 незаборавни партии · Стратегија и тактика во шахот · Живот - со шахот · Средишница. План · Основни шаховски завршници · Психолошка подготовка на шахистот · Избрани партии и спомени · Идеите зад шаховските отворања
2008
Средишница. Комбинација · Проблеми на современата шаховска теорија · Романтизам во шаховската уметност · Прашања за современата шаховска теорија · Мојот систем