Стратегија и тактика во шахот
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Корицата на книгата | |
| Автор | Петар Романовски |
|---|---|
| Изворен наслов | Стратегия и тактика шахматного искусства |
| Земја | |
| Јазик | руски |
Стратегија и тактика во шахот е шаховска книга, дело на советскиот шахист Георги Лисицин. Ова дело е едно од најобемните шаховски книги, која некогаш е напишана. Книгата многу богато ги илустрира тактичките и стратешки согледувања на различните позиции во една шаховска партија, а во него се дадени и методолошки совети и одговори на најзначајните прашања поврзани со шаховската борба. Содржината е објаснета со помош на извадоци од најдобрите партии, кои биле одиграни во првата половина на 20. век. Книгата е напишана на руски јазик во 1952 година.
Содржина
[уреди | уреди извор]Делото е поделено на 4 глави, а пред нив во неколку подглви се дадени неколку методолошки совети и се разгледани општите прашања на шаховската борба, кои се дел од истоимените предглави. Четирите глави, кои се содржани во делото се обемни, со голем број на подглави, кои се илустративни и градирани, почнувајќи со поедноставни, па сè до посложени елементи и комбинации.
Првата глава носи наслов „Елементи на тактиката и прости комбинации“. Во неа, со помош на извадоци од велемајсторски партии е извршена анализа на најосновните елементи во шахот, како што се двојниот удар, откжриениот шах, врзувањето, жртвите и др. Комбинациите кои се анализирани се едноставни, полесно забележливи и тие ја содржат суштината на значењето на комбинацијата во играта.
Во втората глава („Сложени комбинации“) се приоѓа на анализа на развојот на шаховската партија од пореални и поверојатни аспекти. Можеби, според насловите на подглавите, оваа глава е исто тема како и првата, но анализата на истите елементи е на многу повисоко ниво и во многу посложени позиции.
Третата глава, која е насловена „Основи на стратегијата“ целосно е посветена на стратешките елементи во шахот. Содржината на оваа глава е одлично поделена на подглави во кои најпрвин е извршена анализа на положбата на секоја фигура пооделно, и тоа во различни позиции и степени на развој на една шаховска партија. Во оваа глава се анализирани и мобилизацијата на фигурите и размената, при што е обрнето внимание на карактерот на позицијата, која е условена од значењето на овие два елемента.
Како што во првите 3 глави се објаснети различните аспекти на развојот на шаховската игра и значењето на секој елемент пооделно, при што синтетички се овозможува да се сфати суштината на начинот да се дојде до предност, четвратта глава е сконцентрирана на реализација на достигнатата предност во играта. Ова може да се заклучи и од насловот на оваа глава („Реализација на достигнатата предност. Спроведување на стратешки план“), а од поднасловите може подробно да се воочи суштината на потребните технички познавања во понатамошниот дел од играта. Оваа глава ги содржи завршните планови, напади и удари во играта, со полза на елементите кои се подробно објаснети во претходните глави.
Стил на пишување
[уреди | уреди извор]Ова дело е редок примерок на обемно, но илустративно и корисно дело. И покрај неговата големина, тоа не содржи непотребни факти, туку напротив, во него темелно се разработени основите на тактиката и стратегијата во различни степени на развојот на шаховската игра, но и на различни степени на шаховско познавање. Делото изобилува со одличен распоред на деловитево содржината, а пристојните анализи се поткрепени со потребниот висок шаховски стил на изразување и честите дијаграми, на кои се претставени критичните позиции кои се анализираат.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мрежно место на кое книгата може да се подигне во DJVU формат Архивирано на 6 декември 2008 г.