Портал:Франција/Избрана биографија
Едгар Дега (роден на 19 јули 1834 - починал на 26 јули 1917 во Париз), роден како Хилер-Жермен-Едгар Дега или на француски Hilaire-Germain-Edgar Degas бил француски сликар, еден од најпознатите претставници на ликовната уметност во 19. век. Се смета за еден од основачите на импресионизмот иако тој самиот го отфрлал тој термин, и повеќе сакал да го нарекуваат реалист. Изработил низа на бакрописи, цртежи и скулптури. Дега се смета за еден од најистакнатите претставници на францускиот импресионизам, иако самиот себе никогаш не се сметал за дел на импресионистичкото движење. Преокупиран со урбани призори, со балерини, со призори на коњски трки, Дега никогаш целосно не му свртил грб на реализмот и на неговите мајстори како Енгр и Делакроа. Прочитајте повеќе