Портал:Србија/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Србија (српски: Србија или Srbija) е држава во југоисточна и средна Европа (Панонска Низина). На север Србија граничи со Унгарија, на исток со Романија и Бугарија, на југ со Македонија и Косово, на југозапад со Црна Гора, и на запад со Босна и Херцеговина, и Хрватска.

Корените на српската држава датираат од првата половина на 9 век. Кралството Србија е основано во 11 век, а во 13 век тоа еволуира во Српска Империја. По 1918 година, Србија е основачка членка на Југославија во нејзините различни форми (Кралство Југославија, Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузна Република Југославија). Од 2003 таа била составен дел од државната заедница Србија и Црна Гора сè до распадот на истата на 3 мај 2006.

На територијата на Србија без автономните покраини, доминантно мнозинство се Србите (88-90%), а од националностите се застапени Ромите и Бугарите во југоисточните краеви на Србија.