Портал:Земјоделство/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Tea leaves steeping in a zhong čaj 05.jpg

Чај (од кин. 茶, chá) е пијалок кој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка (лат. Camellia sinensis), во врела вода неколку минути. Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Четирите главни вида на вистински чај се (од најмногу кон најмалку преработениот): црн чај, улонг, зелен чај и бел чај. Поимот „билен чај“ се однесува на инфузии од овошки или билки (како шипинка, камилица, или џиоагулан) кои не содржат Camellia sinensis . Во оваа статија се зборува само за приготвувањето и употребата на чајот од C. sinensis.

Чајот е природен извор на аминокиселината теанин, метилксантини како кофеинот и теоброминот, и полифенолски антиоксидантски катехини. Речиси воопшто не содржи јаглехидрати, масти или пеотеини. Има разладен, малку нагорчлив и устособирачки вкус. Прочитајте повеќе